3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕБрусницата го продолжува животот

Брусницата го продолжува животот

brusnica

Антиоксидансите присутни во брусницата се поврзани со 25-30 проценти подолго траење на животот кај винските мушички, покажува ново истражување.

Американски научници од „National Institute on Aging“ своите наоди ги објавија во стручното списание „Experimental Gerontology“.

Во експериментите како додаток во исхраната е користен двопроцентен екстракт од брусница, при што се покажало дека доведува до продолжување на траењето на сите фази од животот на винските мушички.

Дополнително е утврдено дека екстрактот од брусница бил поврзан со редуцирање на оштетувањето на клетките предизвикани со оксидативен стрес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП