23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНов проблем за македонската ракометна репрезентација, Филип Лазаров го пропушта ЕП

Нов проблем за македонската ракометна репрезентација, Филип Лазаров го пропушта ЕП

flip

Според информациите добиени од директорот на македонската ракометна репрезентација Стевче Алушевски, македонскиот лев бек Филип Лазаров има фрактура на левата дланка и тој ќе го пропушти претстојното Европско
првенство во Данска.

Лазаров повредата за заработил на синоќешниот тренинг на репрезентацијата која се наоѓа на подготовки во Пореч, Хрватска.

Се очекува Лазаров денеска да се врати во Скопје и по извршувањето на деталните медицински прегледи да се знае попрецизно колкаво ќе биде отсуството од ракометниот терен за македонскиот репрезентативец.

Ова е уште еден проблем за селекторот Ивица Обрван кој нема да може да смета и на услугите на Наумче Мојсовски и Ренато Вугринец.

Инаку, за денеска околу пладне се очекува приклучување на репрезентацијата на голманот Борко Ристовски, кој вчера со својата екипа Гумерсбах, оствари нова победа во Бундес лигата, трета по ред.

Европското првенство во Данска ќе се игра од 12 до 26 јануари. македонија е во група со домашната селекција, Чешка и со Австрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП