13 мај, 2025
ПочетнаСВЕТ„Го чекам Путин лично во Турција“: Зеленски се согласи на примирје, се...

„Го чекам Путин лично во Турција“: Зеленски се согласи на примирје, се чека одговорот на Русија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на својот профил „X“ објави предлог за прекин на огнот меѓу Русија и Украина.

Доналд Трамп им нареди на Путин и Зеленски да се сретнат и да го прекинат конфликтот во Источна Европа, а во оваа прилика се јави и Зеленски, кој го прифати овој предлог и сака средба во живо со рускиот претседател во Турција во четврток, на 15 мај.

„Очекуваме прекин на огнот од утре (понеделник, 12 мај) и дека тоа ќе ни обезбеди основа за дипломатија. Нема смисла да се продолжува со убиствата.“

Го чекам Путин во Турција во четврток. Лично. Се надевам дека овој пат Русите нема да бараат причини да не го сторат тоа“, рече Зеленски.

Да потсетиме, европските лидери му упатија ултиматум на Владимир Путин дека ќе се соочи со санкции доколку не го прифати договорот за прекин на огнот. Тој го презентираше својот предлог за мир.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП