13 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБесент: Постигнат е значаен напредок во смирување на трговската војна

Бесент: Постигнат е значаен напредок во смирување на трговската војна

Американскиот министер за финансии Скот Бесант изјави денес дека е постигнат значителен напредок во неговите разговори со тимот на кинескиот вицепремиер Хе Лифенг во Женева за смирување на трговската војна меѓу двете најголеми економии во светот.

Бесент рече дека утре ќе објави повеќе детали, додека трговскиот претставник на САД, Џејмисон Грир, кој исто така присуствуваше на разговорите, рече дека разликите меѓу двете страни не се толку големи како што се сметаше претходно, пренесува Ројтерс.

На овие разговори, двете страни разгледаа како да ја деескалираат трговската војна што се заканува да предизвика голема штета на светската економија.

Американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, изјави дека е постигнат „голем напредок“ во тековните преговори меѓу САД и Кина за царините што ја загрозуваат глобалната економија и наговести дека е можно „тотално ресетирање“.

„Многу добра средба денес со Кина, во Швајцарија. Беа дискутирани многу работи, беше договорено за многу работи. Целосно ресетирање беше договорено на пријателски, но конструктивен начин“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social во саботата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП