3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРА10 совети за купување: Како да поминете најевтино

10 совети за купување: Како да поминете најевтино

kupuvanje15478po

За купување на храна и плаќање на сметките потребна ни е, во просек, една ипол просечна плата. Иако повеќето се трудат при набавката да заштедат што е можно повеќе, речиси секој по излегувањето од продавницата сфаќа дека потрошил многу повеќе од планираното.

1. Во продавница само со список

Планското купување во хипермаркетите е еден од начините да се заштедат пари. Купувачите би требало задолжително да понесат список и да го почитуваат тоа што е напишано во него, паметно да ги користат акции, попустите и понудите, односно да следат која храна и кога е на попуст и тогаш да ја купат.

2. Следете ги акциите и користете ги купоните

Поголемите трговски ланци во соработка со производителите им нудат на купувачите најразлични производи по ниски, акциски цени. Исто така, многу трговци делат купони на кои е назначено колкав е попустот, па на крајот потрошувачот ја плаќа само разликата.

3. Купувајте на пазар

Козметика, тоалетна хартија, хартиени марамчиња и некои куќни средства на пазарот чинат и до 30 проценти помалку отколку во продавниците. Но внимавајте, на овие места не би требало да пазарите расиплива стока, бидејќи таа не се чува на правилен начин.

4. Купувајте сезонско овошје и зеленчук

Овошјето и зеленчукот се најевтини кога се купуваат во нивната сезона.

5. Пазарете ги производите на големите трговски ланци

Големите трговски ланци многу често и самите произведуваат, а нивните производи се поевтини и до 30 проценти од брендираните производи.

6. Избегнувајте ги малите продавници во комшилукот

Во овие продавници би требало да купувате само леб и цигари, бидејќи цените на преостанатите производи се за 20 проценти поголеми од големите супермаркети.

7. Купувајте колку што ви е потребно

Според некои проценки, поради лошото планирање, една третина од купената храна завршува во ѓубре. Купувајте само толку колку што ви е потребно и обидете се старата храна во домот да ја искористите на поинаков начин, преработете ја во друг оброк за утрешниот ден.

8. Не ја купувајте одвоено спакуваната храна

Ако немате купон или производот не е на акција, одвоеното пакување и сецкањето на храната често е поскапо. Така некоја чајна или некој кашкавал ќе го платите поскапо доколку поскате да го исецкаат отколку да го земете вакумираното парче по поевтина цена.

9. Шетајте од продавница во продавница

Цените на различните продукти најчесто осцилираат од град во град, но и од продавница во продавница, дури и во истата населба, па прошетката по продавници може да ви донесе значителна заштеда. Разгледајте каде цените се најевтини и купете таму.

10. Платете во кеш, не со картичка

Пред да заминете во некој поголем маркет, пресметајте ја отприлика вредноста на потребните продукти и од дома понесете само толку пари, не повеќе, и платете во кеш не со картичка, на овој начин сами ќе се лимитирате да ги земете само потребните продукти, и нема да се излажете да земете некој производ плус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП