30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоделени наградите Претприемач на годината 2013

Доделени наградите Претприемач на годината 2013

mioioi

Томе Тасевски, ко-сопственик на стоматолошката поликлиника Ендомак, Скопје е добитник на наградата за најуспешен претприемач на мало претпријатие, а Ислам Рамизи, ко-сопственик на градежната компанија Монтеко е најдобриот претприемач на микро претпријатие во Македонија.

Втората награда во категоријата мали претпријатија ја доби Горан Јошевски, менаџер на туристичката агенција ЈК Травел, додека второнаграден претприемач кај микро претпријатијата е Благоја Самакоски, сопственик на Институтот за современи композити и роботика од Прилеп.

Во двете категории, прво наградените претприемачи добија златни статуетки и ваучер наменет за маркетинг активности во износ од 50.000 денари, а второ наградените добија сребрени статуетки и ваучер во износ од 25.000 денари.

Наградата за најуспешните претприемачи во Македонија на мало и микро препријатие се доделува по седми пат, а целта е да се поттикне претприемачкиот дух во земјата, преку промоција на успешни примери.

Им се доделува на претпријатијата кои во тековната година имаат реализирано раст по основ на број на вработени, вкупни приходи, добивка и инвестиции.

Покровител и организатор на Претприемач на годината 2013 е Министерството за економија, а главни организатори се Сојузот на стопански комори на Македонија, Македонската развојна фондација за претпријатија и Стопанската комора на северозападна Македонија.

Ко-организатор е Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП