Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров го освои 36.от трофеј во својата кариера откако со својот клуб Барселона победи во шпанскиот АСОБАЛ Куп.
Синоќа во финалето на ова натпреварување фаворитот Барселона го совлада Грањолерс со 34:28. И по овој дуел Каталонците немаат пораз сезонава и на најдобар можен начин ја демонстрираа својата надмоќ во шпанскиот ракомет.
Лазаров средбата ја заврши со три постигнати голови, а запиша и три асистенции.
За Македонецот ова е втор трофеј од шпанскиот национален куп. Еден има освоено со Атлетико Мадрид.
Следен предизвик за Лазаров е настапот на Европското првенство во Данска во јануари 2014 година, каде тој ќе биде предводник на македонската репрезентација во обидот да се повтори успехот од претходниот евро-ампионат кога беше освоено петтото место.