18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се подигнува финансиската писменост на населението

Ќе се подигнува финансиската писменост на населението

fu

Граѓаните ќе се едуцираат за користење на финансиските услуги и ризиците кои произлегуваат од нив. Народната банка, Минситерството за финансии заедно со другите институции кои имаат надлежности во регулирањеето на финансиските услуги почнуваат координирани активности со цел да ги едуцираат граѓаните за услугите што се нудат во финансискиот сектор и ризиците што произлегуваат од нив.

– Народната банка на Република Македонија веќе една година спроведува активности за едукација на населението.

Досега беше опфатена најмалата популација, а сега активностите се насочени кон повозрасните ученици, а понатаму таргет ќе биде и возрасната популација, рече на денешното потпишување на Меморандумот за сoработка меѓу НБРМ, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувње, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Комисијата за хартии од вредност на
Република Македонија.

Додаде дека целта е полесно да се остварат заедничките цели, бидејќи, како што рече, нашиот интерес е да имаме население кое ќе ги разбира многу добро финансиските услуги што ги користи и на тој начин нема да влегува во непотребни ризици. На тој начин, потенцира, придонесуваме за избегнувње и минимизирање на ризиците во финансискиот сектор, а со тоа и креираме постабилен финансиски сектор.

Тој истакна дека сите земји преземаат активности за да го едуцираат населението во ракувањето и користењето на финансиските услуги и додаде дека искуствата во другите земји покажуваат дека едукацијата е потребна без разлика дали станува збор за развиена земја и без разлика на образованието на населението, бидејќи, како што посочи, во последните годни има многу иновации во овој сектор што и оние што се упатени не можат да ги разберат.

Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески потпишувањето на овој меморандум е уште еден чекор во насока на зголемување на координацијата на регулаторните тела во насока на постабилен финансиски сектор и запознавање на јавноста со можностите што ги нуди финансискиот сектор.

– Верувам дека на ваков начин ќе придонесеме и во Македонија да се подигне нивото на финансиска писменост и на тој начин ќе се вклучиме во европските трендови кои почнаа особено по финансиската криза со цел да се зголеми нивото на финансиската писменост и да се намалат ризиците, рече министерот.

Појасни дека преку едноставни брошури за учениците, преку предавања за учениците во средното образование, брошури за граѓаните и соработка со приватниот сектор ќе се настојува уште еднаш да се објаснат сите продукти што ги нудат финансиските институции во Македонија и да се објаснат сите придобивки од тие продукти, но секако и да се објаснат ризиците што се нормални за одделни финансиски продукти и на тој начин граѓаните да може поинформирано да ги носи своите одлуки.

Потписниците на Меморандумот се согласија да се формира Координациско тело на регулаторните институции во Македонија за финансиска едукација.

Улогата на Координациското тело ќе биде да покренува иницијативи до надлежните институции за донесување акти што ќе ја поткрепат идејата за финансиска едукација на населението во Република Македонија, да дефинира и да предлага заеднички проекти за финансиска едукација, да изработува стратегиски документи, да ги организира, да ги спроведува и да ги проценува анкетите за нивото на финансиска писменост во земјата и нивото на финансиска вклученост на населението во финансискиот систем во државата, да организира работни
сесии, семинари и други видови обуки и настани, како и да промовира регионална и интернационална соработка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП