18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНова жртва на кризата во Грција

Нова жртва на кризата во Грција

o

Се користело уште во античкото време, а многу популарно е и во модерната исхрана, но маслиновото масло би можело да стане најновата жртва на долготрајната криза во Грција.

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) во рамките на советите наменети за грчката влада како да ја зголеми конкурентноста и да ја извлече земјата од рецесија во 2014 година, наведува дека Грција би требало да ја дозволи продажбата на маслиновото масло помешано со поевтини растителни масти, со цел неговата цена да биде поповолна, без оглед на тоа што ќе се расипе добро познатиот квалитет на маслото, пренесува агенцијата АП.

Грција е третиот по големина производител на маслиново масло во светот, како и најголем потрошувач по глава на жител, со повеќевековна традиција на употребување на маслото од маслинки, кое и понатака претставува силна врска меѓу модерните Грци и нивните антички предци.

Меѓутоа, куповната моќ во Грција е уништена од рецесијата која трае од 2008 година, како и строгите мерки за штедење со кои Атина се согласи во замена за меѓународната финансиска помош.

Финансиската криза уништи повеќе од една петина од грчката економија и стапката на невработеност ја доведе до нивото од 27 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП