3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАкциите на Twitter достигнаа нов рекорд!

Акциите на Twitter достигнаа нов рекорд!

tviterte

Акциите на „Twitter“ стигнаа до нови рекордни вредности, откако некое време се колебаа на пониските нивоа. Во вторникот акциите се тргуваа над 50 долари и порасна за над 7 проценти.

Хартиите од вредност на оваа друштвена мрежа стигнаа до 52,58 долари, што е рекорд за компанијата.

„Twitter“ излезе на берзата во почетокот на ноември и предизвика вистински „бум“ меѓу инвеститорите. Уште во првиот ден вредноста на хартии од вредност се зголеми за речиси 75 проценти. Последователно, сепак тие поевтинија и се тргуваа околу 40 долари.

Минатата недела експерти од две од петте главни носители на акции со скептицизам го најавија развојот на друштвената мрежа на берзата. Друг аналитичар пак, им препорачаат на инвеститорите да ги продадат своите акции поради опасност од девалвирање. Меѓутоа нивната вредност во рамките на еден месец се зголеми за околу 25 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП