16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКратки вести од светот

Кратки вести од светот

latestnews

Приштина – Косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај изјави дека Косово е решено да стане дел од Транс-јадранскиот гасовод ТАП, а не од Јужен тек. – Кога станува збор за неодамнешните расправи за тоа на кој гасовод Косово треба да се приклучи, не постои дилема – рече Хоџај за тв станицата Топ Ченел од Тирана, пренесе приштинскиот печат. – Нашиот цврст став е дека Косово треба да се приклучи на ТАП кој ја вклучува Република Албанија, Грција и Италија, проект на ЕУ за снабдување на ЕУ, а не дел од иницијативите за кои зборуваат српските политичари во Белград – додаде Хоџај.

Белград – Владата на Србија се уште не разгледала дали Телеком на Србија ќе биде приватизиран, изјави министерот за надворешна и внатрешна трговија и телекомуникации, Расим Љајиќ. – Сите се согласуваат дека на Телеком му треба свеж капитал, но се уште нема одлука дали тоа ќе биде низ стратешко партнерство или приватизација – рече Љајиќ за агенцијата Бета на отворањето на Телекомуникацискиот форум Телфор во Белград. Тој додаде дека има заинтересирани инвеститори за купување на Телеком.

Белград – Истражувањата на никелот не се опасни и се вршат по целосно иста постапка како истражувањето на водата, тврди министерот Милан Бачевиќ. Министерот за природни ресурси, рударство и просторно планирање на Србија Милан Бачевиќ за РТС изјави дека новиот Закон за рударство ќе се најде пред пратениците на Собранието на Србија до крајот на годината.

Љубљана – Во Словенија поскапеа сите деривати на нафтата. За литар 95 октански безоловен бензин, кој поскапе за 2,5 центи, сега треба да се плати 1,441 евро, додека за литар од истиот вид на 100 октански бензин треба да се плати 1,483 евра. Дизел горивото е поскапо за 1,1 цент и литар чини 1,368 евра. За 0,8 центи поскапе нафтата за греење која сега чини 0,996 евра за литар.

Букурешт – Премиерот на Кина Ли Кечијанг изјави дека таа земја ќе инвестира во производството на нуклеарна енергија и енергијата на ветерот во Романија, како и во брза железница.

Њујорк – Русија во следните три години ќе стане вистински, добар пример за земјите од источна Европа, по темпото на стопански раст и спроведувањето на реформите, оценува Голдман Сакс. Во најновата анализа на економистите на американската Голдман Сакс, се истакнува дека во идната година најразвиена економија ќе биде локомотивата на стопанскиот раст, додека земјите во развој, исклучувајќи ги источноевропските и блискуисточните и африканските држави, ќе се соочат со структурни проблеми и забавена експанзија.

Рим – Млекото на разни видови на животни, како камилата, ламата и лосот, треба се повеќе да се наоѓа во широка употреба, оценува Агенцијата на ОН за храна, ФАО. До појава на млеко од овие животни на пазарот ќе дојде поради зголемената побарувачка за млечни производи во земјите во развој, како и за да се намали ефектот на високите цени на кравјото млеко, соопшти ФАО. – Постои голем простор за одгледување на други видови од кои ќе се добива млеко – изјави претставникот на ФАО, Ентони Бенет во Рим.

Вашингтон – ММФ ја критикуваше неодамнешната одлука на американската агенција за рејтинг Стандард и Пурс, да го намали кредитниот рејтинг на Франција. Таа одлука не беше оправдана, изјави главниот економист на ММФ, Оливије Бланшар. – Иако Франција се уште целосно не е зајакната, не гледам опасност од некој поголем ризик поради што не би била во состојба да го сервисира својот долг. Од таа причина намалувањето на рејтингот би било неоправдано – вели Бланшар за германскиот весник Зидојче цајтунг.

Виена – Австријците повторно се подготвени повеќе да штедат, покажува истражувањето на Институтот Интеграл, кое е направено по налог на Ерсте банка. Просечниот планиран износ за штедење во следните 12 месеци изнесува 5.200 евра, што е за 900 евра повеќе од пред една година. Штедната книшка и заштедата за изградба и реновирање и покрај ниските каматни стапки и понатаму се најомилени форми за штедење во Австрија. Така штедната книшка го зазема првото место за 62 отсто, што е за 9 отсто помалку.

Буенос Аирес – Аргентина на шпанската Репсол ќе и исплати компензација поради национализацијата на нафтената компанија во која Репсол имала мнозински удел. Аргентина, Шпанија и Мексико договорија почеток на преговори за законот со кој Аргентина лани ја национализираше најголемата нафтена компанија во земјата Jasimijentos petroliferos fiskales (YPF), во која мнозински удел имаше шпанската компанија Репсол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП