8 јули, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАWindows 10 повеќе не е најпопуларниот оперативен систем за десктоп компјутери: Microsoft...

Windows 10 повеќе не е најпопуларниот оперативен систем за десктоп компјутери: Microsoft објави крај на поддршката

Оперативниот систем Windows 11 на Microsoft ја престигна постарата верзија на Windows 10 за прв пат овој месец во однос на пазарниот удел на десктоп компјутерите, според податоците од организацијата Statcounter.

Новата верзија на оперативниот систем на „Microsoft“ сега држи 52 проценти од пазарот, додека уделот на „Windows 10“ падна на 44,59 проценти, објавува порталот „Verge“.

Windows 11 беше претставен уште во 2021 година, но неговото ширење беше значително побавно од неговиот претходник. Иако Windows 10 достигна 400 милиони инсталации за една година, на Windows 11 му требаше речиси двојно повеќе време за да го постигне истиот резултат, првенствено поради повисоките хардверски барања што исклучуваат голем број постари уреди.

Microsoft планира да ја прекине официјалната поддршка за Windows 10 на 14 октомври 2025 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар