8 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРЕГИОНАЛЕН ФОТО НАТПРЕВАР: „Најзелени примери на Западен Балкан“

РЕГИОНАЛЕН ФОТО НАТПРЕВАР: „Најзелени примери на Западен Балкан“

Проектот EU4Green отвори регионален фото натпревар – Најзелените примери од Западен Балкан, наменет за домашни фотографи од целиот регион. Намерата е да се презентираат приказни за природата и заштитата на животната средина и да се прикажат добри практики што водат до зелена трансформација. Мотивите треба да вклучуваат предизвици и проблеми создадени од човековото дејствување, како и да ја покажат важноста на контролата на загадувањето, иновациите и одржливоста.

Учесниците треба да испратат серија од 4 до 6 фотографии на следниве теми: циркуларна економија, одржливо земјоделство, намалување на загадувањето, зелени финансии, зелено образование, биодиверзитет. Делата треба да имаат јасна еколошка порака и уметнички дух. Поединечните фотографии, како и содржината генерирана со помош на алатки за вештачка интелигенција, нема да бидат разгледани.

Само возрасни лица кои НЕ се професионални фотографи, туку се занимаваат со фотографија како хоби, можат да учествуваат во натпреварот.

Заинтересираните учесници е потребно да испратат фотографии со висока резолуција (мин. 300 dpi) со краток опис, локација и датум на [email protected] до 15 август 2025 година. Серија фотографии може да се испратат преку услуга за пренос на датотеки (WeTransfer, Swiss Transfer) со линк или како прилог во пораката.

Авторите на најдобрите фотографии ќе бидат наградени со еко-туристичко патување во регионот, а најдобрите дела ќе бидат изложени како дел од патувачка изложба што ќе го обиколи целиот Западен Балкан. Наградите ќе им бидат доделени на најуспешните автори на свеченото отворање на изложбата, а нивните дела ќе бидат промовирани преку социјалните медиуми на проектот EU4Green, веб-страницата, медиумите и преку мрежата на регионални партнери.

Повеќе информации и правила за натпреварот можете да најдете на линкот: EU4Green Foto-konkurs.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар