30 април, 2024
ПочетнаТОП ВЕСТИНеделна Анализа

Неделна Анализа

stock_trade_analys

Прво да започнеме со краток преглед на случувањата во светот за време на изминатиот викенд.
Конечно се склучи очекуваниот договор помеѓу Иран и “меѓународната заедница“ за контрола на нуклеарната програма во земјата. Нормално, цената на нафтата поефтини за 2-3 долари.
Кина декларативно објави дека просторот над спорните области и острови ке го вклучи во зоната на дејствување на противвоздушната одбрана и секое неовластено нарушување на истиот може да предизвика “одбрамбена“ реакција.
Претставниците на бордот ЕЦБ Куере и Асмунсен во независни изјави рекоа дека не се исклучени понатамошни мерки на олеснувања доколку тоа биде потребно. Пред се намалување на депозитната стапка во негатива и задржување на постоечката каматна стапка на 0,25% подолго време. Имаше дури и предлог за гласањето при одредувањето на каматната стапка да е јавно за да нема шпекулации околу разногласието бидејки членовите се од различни земји на еврозоната, па да не доаѓа до ситуација како сега кога гувернерот е од Италија да се шпекулира дека одлуката за намалувањето е во корист пред се на Италија за поевтино понатамошно задолжување и сл. Заклучок е дека и покрај шпекулациите во ЕЦБ има единство и дека функционирањето на институцијата нема никакви проблеми на неединство. Исто така беше заклучено дека сега веќе е во голема мера ако не и во целост е надминат и системскиот ризик на евро валутата кој беше упорно заговаран од одредени евро скептици.
Но да се свртиме кон пазарот. Измината недела беше исклучително лоша за јапонскиот јен, австралискиот долар и златото.
Јапонскиот долар ослабна значително pa валутниот пар USD/JPY конечно ја надмина, успешно се задржа па и затвори над границата од 100  што е потврда на трендот на слабеење на јенот.
Австралискиот долар падна и ја затвори неделата под нивото на поддршка на 0.93 во однос на доларот и тука исто имаме потврда на надолен тренд како и кај златото кое скоро цела недела беше и затвори под границата на поддршка од 1250.
Почетокот и отворањето на оваа недела започна релативно мирно на приближни вредности од затварањето односно без поголеми “гапови“.
Поважни настани кои можат да предизвикаат пазарна реакција се следниве;
Во Понеделник во 16:00 часот од САД го добиваме бројот на постигнати преддоговори за продажба на домови. Очекувањата се позитивни
Во Вторник одма после полноќ се согледувањата на монетарните власти на Јапонија за економските прилики. Во 11:00 часот извештај за инфлацијата во Британија (многу важно за британската фунта), во 14:30 од САД го добиваме бројот на издадени градежни дозволи и во 16:00 часот индексот на доверба на потрошувачите кој е доста важен бидејќи претставува водечки индикатор за идните економски параметри.
Среда во 10:30 излегува стапката на реалниот БНП за Британија и во 14:30 објава од САД за бројот на апликанти за невработеност и бројот на нарачки во индустријата
Во Четврток наутро ке ги дознаеме стапката на инфлација за Германија и промената во бројот на незапослени а во 11:30 е закажан говорот на гувернерот на централната банка на Англија.
Петок имаме голем број на важни економски податоци од Јапонија како што се процент на незапосленост, стапка на инфлација, индекс на индустриско производство но имајте предвид дека пазарот веке подолго време ги игнорира овие показатели. Јенот има чуден карактер и реагира најчесто на најави односно промени во монетарните и економските политики. Во 08 часот е стапката на потрошувашката во Германија а во 08:45 за Франција. Во 11 часот е прелиминарната стапка на инфлација за еврозоната која се прогнозира да е 0,8%. Поголемо отстапување од прогнозата сигурно може да предизвика реакција кај еврото. Во 14:30 ќе биде објавен БНП на Канада.
За време на викендот во Кина ќе биде објавен индексот на индустриското производство
Доколку неделава не биде зачинета со изјави на финансиските моќници како што беше случај во претходната недела многу веројатно е дека пазарите ќе бидат релативно мирни без и поголема волатилност.
Кај златото кое е во надолен тренд критична е границата на поддршка на 1200 каде е можно да дојде до одбивање на трендот и повторно консолидирање со центар на 1250. Доколку биде премината границата 1200  со појак моментум во тој случај трендот продолжува и одиме со голема веројатност према 1000.
Кај валутниот пар USD/JPY исто имаме дефиниран нагорен тренд, сега со граници на поддршка на 100.300 и 99.80 кои можат да претставуваат добра можност на влез за подолгорочно купување.
И кај валутниот пар AUD/USD имаме извесна ситуација на надолен тренд после пробојот на 0.930. Ова ниво е сега одлична можност за влез за продажба со краткорочна цел до 0,89 што беше успешно ниво на поддршка во два наврати во месец Август 2013 година.
Кај валутниот пар EUR/USD неизвесноста е доста голема. Позитивниот пазарен сентимент и апетитот за ризик му дадоа сила на еврото и на британската фунта но од друга страна и определени економски показатели од САД сигнализираат зајакнување на американската економија и можно јакнење на доларот заради зголемување на веројатноста за излез од програмите за монетарно олеснување. Доколку се тргува на овој валутен пар можеби е најдобро да се оди со кратки односно дневни цели на тргување а границите на отпор  се 1.355 , 1.365 (важен) и 1.38. Нивоа на поддршка се 1.35, 1.34 и 1.333(клучен).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП