10 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕБолести предизвикани од дебелината

Болести предизвикани од дебелината

debelina1

Дебелината не е само естетски проблем – вишокот килограми предизвикува и сериозни здравствени проблеми. Спречете ја на време, бидејќи списокот на болести кои ги носи е прилично долг.

1. Коронарна болест на срцето

Дебелината е поврзана со ризик од развој на кардиоваскуларни болести. Прекумерната тежина секоја година предизвикува се поголем број на заболени, но и смртни случаи.

2. Дегенерација на коските и `рскавицата (остеоартритис)

Дебелината предизвикува остеоартритис во повеќето зглобови, посебно во колената. Кон оваа болест повеќе се склони жените – дебелите претставнички на понежниот пол имаат девет пати поголеми шанси за развој на оваа болест.

3. Болести на жолчната ќеса

Вишокот килограми претставува голем фактор на ризик за развој на камен во жолчката. Во таквите случаи, црниот дроб произведува прекумерни количини холестерол, кој потоа се испорачува во жолчката поради што таа станува презаситена. Докторите велат дека одредена храна, како заситените масти и рафинираните шеќери се примарен виновник за ова.

4. Зголемен холестерол, зголемено ниво на триглицериди (дислипидемија)

Примарната дисплипидемија поврзана со дебелината се карактеризира со покачено ниво на триглицериди, но и намалено ниво на HDL холестеролот, како и неправилен состав на LDL холестеролот.

5. Висок крвен притисок (хипертензија)

Постојат многу фактори кои се виновни за појавата на хипертензија, но главен збор имаат материите сместени во вишокот масно ткиво, што на крај резултира со зголемен крвен притисок. Кај лицата со вишок килограми, во повеќето случаи доаѓа до зголемено производство на инсулин, кој го зголемува крвниот притисок.

6. Проблеми со респираторниот систем

Дебелината може да предизвика и проблеми со дишењето. Во градите се јавува чувство на тежина, па на дебелите луѓе им е потешко да дишат кога одат, трчаат или носат некој товар.

7. Карциономи

Според податоците од 2006 година, само во САД биле дијагностицирани 41.000 нови случаи на карцином предизвикани од дебелината. Со други зборови, околу 3,2% од вкупниот број на случаи се поврзани со дебелината.

8. Апнеа при спиењето

Апнеата е пореметување на спиењето кое се карактеризира со абнормални паузи во дишењето кои може да траат од неколку секунди до неколку минути. Апнеата е директно поврзана со вишокот на килограми.

9. Мозочен удар

Вишокот на килограми е фатален и во овој случај, посебно кај жените на возраст помеѓу 35 и 54 години.

10. Дијабетес тип 2

Дебелината е еден од најчестите фактори на ризик за појава на дијабетес тип 2.

Сега, кога сте запознаени со последиците по здравјето кои ги предизвикува дебелината, ќе превземете ли нешто?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП