Можат ли македонските земјоделци да преживеат во сопствената земја доколку им биде скратено правото за добивање субвенции од државата?
Субвенциите, чија основна цел е да го стимулираат домашното производство, очигледно, за некому се спас, а за некому – пранги.
Целта на државата е повеќе од јасна: да се зголеми продуктивнсота, да се обезбеди конкурентност со увозните производи, како и да се мотивираат младите да останат и да живеат на село.
„Ако државата не ми дава субвенции јас уште утре заминувам на печалба во Германија или во Италија“, вели Игор Јованоски од Кавадарци, кој одгледува праски на 5 хектари.
Тој смета дека субвенцијата не е награда или бонус, туку е подавање рака во процесот на обезбедување опстанок.
Според податоците, во последните 5 години државата доделила над 500 милиони евра субвенции, но резултатите не секогаш се видливи.
Производството на домати, на пример, опаѓа, а дел од лозарите се откажуваат бидејќи откупните цени се пониски од трошоците за берба.
Аналитичарите сметаат дека ваквиот актуелен модел на субвенционирање создава погрешна логика.
„Наместо да мислат на пазарот и на она што можат да го произведат за да го продадат, земјоделците мислат само на субвенциите. А ништо не правиме кога субвенцијата станува главен мотив за производството. Ако земјоделецот знае дека ќе добие пари, тој нема желба да се подобрува самиот себеси“, велат експертите.
Во земја во која речиси секој трет жител има поврзаност со земјоделството, политиката на субвенции ќе остане чувствителна тема. Прашањето е: ќе продолжи ли државата да дава им дава риба на земјоделците, или конечно ќе им даде трска и ќе ги пушти самите да ја уловат рибата?
Б.З.М.