6 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСилјановски за Ingram & Vendors Networking#4: Заеднички ја вкрстуваме визијата со ВИ...

Силјановски за Ingram & Vendors Networking#4: Заеднички ја вкрстуваме визијата со ВИ алатките

Интервју со Филип Силјановски, генерален директор на „Инграм Микро“ за Македонија, Албанија и Косово

Во свет кој сè поинтензивно се трансформира под притисокот на дигиталната еволуција, „Инграм Микро“ останува доследен на својата улога – да не ја следи технологијата, туку да ја предводи. 

Четвртото издание на Ingram & Vendors Networking #4, кое повторно ќе се одржи во Охрид, претставува клучна точка на консолидација на визии, алатки и партнерства. Годинава, темата која ќе доминира е вештачката интелигенција – не како теоретски концепт, туку како конкретен инструмент што го моделира начинот на кој живееме, работиме и одлучуваме.

Разговараме со Филип Силјановски, генерален директор на „Инграм Микро“ за Македонија, Албанија и Косово – за значењето на конференцијата, нејзиното влијание врз индустријата, и позицијата на „Инграм Микро“ како платформа преку која се дефинираат иднините ИТ-насоки во регионот.

Годинава конференцијата го одбележува своето четврто издание. Каква е нејзината улога денес во ИТ-индустријата на овој простор?

Силјановски: Ingram & Vendors Networking одамна ја надмина рамката на класичен бизнис-настан. Оваа конференција стана платформа кадешто се моделираат практиките за иднината. Тука се разговара за трендовите, но уште поважно –тие оттука потекнуваат. Ова вмрежување претставува сплет на визијата на врвните ИТ-експерти и технологијата. На овој настан се создаваат нови перспективи, се градат долгорочни партнерства и се разменуваат знаења што директно влијаат врз оперативната реалност на компаниите.

Горди сме што оваа конференција со секое ново издание расте по тежина, по релевантност и по влијание – не само во рамки на нашите пазари, туку и пошироко во регионалниот ИТ простор.

Темата оваа година е вештачка интелигенција – но акцентот не е ставен на визии, туку на реалната примена. Зошто токму сега?

Силјановски: Токму затоа што „сега“ повеќе не е доволно. Вештачката интелигенција веќе не е предизвик на иднината, туку императив на сегашноста. Иднината почна – и тоа многу порано од очекуваното. Ние во „Инграм Микро“ ја следиме и обликуваме оваа трансформација во реално време. Оваа година се фокусираме на ВИ како конкретна алатка што им стои на располагање на компаниите – не како експеримент, туку како суштински дел од процесите. Станува збор за алатки кои автоматизираат, анализираат, предвидуваат и реагираат. ВИ е веќе интегрирана во начинот на кој организациите работат, комуницираат и создаваат вредност. Нашата улога е да ги прикажеме токму тие решенија – реалните, применливите, испробаните – и да ги поврземе со вистинските потреби на пазарот.

Каде е позиционирана „Инграм Микро“ денес, во контекст на регионалниот пазар, но и во глобалниот синџир на ИТ-иновации?

Силјановски: „Инграм Микро“ денес е пред сè – стратегиски актер. Покрај тоа што сме дистрибутер на технологии, ние сме и трансформативна сила што преку партнерски систем од глобални вендори, регионални интегратори и локални партнери – го движи ИТ-секторот нанапред. Во нашиот домен, динамиката не се следи – таа се поставува.

Иновативноста е наш код, а адаптацијата – наша практика. Нашата вредност произлегува од тоа што не одговараме само на прашањата на клиентите – туку ги одговараме и прашањата што тие допрва ќе ги имаат.

Што претставува Ingram & Vendors Networking за самата индустрија?

Силјановски: Претставува компас. Настанот е интелектуален форум каде што се рефлектира пазарот, се детектираат потребите и се наоѓаат решенија. Таму се разменуваат искуства, но уште поважно – таму се воспоставуваат нови насоки за движење. Учесниците на овој настан заминуваат со ново разбирање за сопствениот контекст и со подготвеност за идните предизвици.

Ако се направи пресек – кои се вредностите што „Инграм Микро“ ги носи зад себе, а кои најјасно ќе се видат токму во Охрид?

Силјановски: Нашата најголема вредност е довербата – стекната низ децении на конзистентност, експертиза и визија. Но, таа доверба не ја земаме здраво за готово. Секоја конференција за нас е нова обврска – да го покажеме напредокот, да ја споделиме експертизата и да ја отвориме вратата за нови технологии.

Охрид ќе биде уште една потврда дека таму каде што е „Инграм Микро“, таму се случува суштинската промена и таму се поставува рамката на утрешниот ИТ-свет.

Компанија е основана во 1979 година и е еден од најголемите светски дистрибутери во областа на ИТ-опремата. Групација има претставништва во 45 земји и 154 дистрибутивни центри во светот и брои околу 27 000 вработени лица. „Инграм Микро“ работи со над 1700 доставувачи и клиенти и работи со над 200 000 партнери во 160 земји

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП