19 мај, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕЗаборавете на „пивскиот стомак“ со овие 5 најдобри совети од нутриционист

Заборавете на „пивскиот стомак“ со овие 5 најдобри совети од нутриционист

Кога станува збор за здравјето и изгледот, многу луѓе со децении ги мачи едно нешто – „пивскиот стомак“.

Тешко е да се отстрани, и иако вежбањето и активниот начин на живот се важни за целокупното здравје, исто така е клучно да се обрне внимание на вашата исхрана.

Нутриционистите идентификуваа неколку едноставни упатства за исхрана кои можат да помогнат во борбата против салото на стомакот, а кои лесно можат да се вклучат во секојдневниот живот.

Масти – да, но внимателно бирајте

Можеби звучи контрадикторно, но на телото му се потребни масти за да остане здраво. Сепак, важно е да изберете здрави масти и да ги консумирате умерено, особено ако вашата цел е да ги намалите мастите на стомакот.

Здравите масти се наоѓаат во храна како авокадо, јаткасти плодови и семки. Тие придонесуваат за здравјето на срцето и целокупното функционирање на телото.

Од друга страна, треба да се избегнуваат заситени масти. Ова значи помалку масно месо, полномасни млечни производи и пржена храна. Освен што придонесува за формирање на „пивски стомак“, редовната консумација на ваква храна е штетна за здравјето.

Пијалаци што треба да се фрлат

„Пивскиот стомак“ најчесто се поврзува со прекумерен внес на пиво, па ако сакате да се ослободите од него, има смисла да го намалите или целосно да го елиминирате алкохолот. Исто така, треба да го ограничите внесувањето на засладени пијалоци и храна како што се газирани пијалаци, слатки, колачи и засладени житарки. Сите овие намирници содржат многу калории и многу малку корисни состојки.

Преработена храна

Преработената храна е штетна, и за здравјето и за вашата фигура. Има висока калорична вредност, но сиромашна со хранливи материи.

Наместо тоа, изберете посни протеини, како што се мисирка, пилешко, риба или тофу, како и храна богата со растителни влакна – зеленчук, мешунки и овошје. Таквата исхрана помага во градењето и обновувањето на ткивото, обезбедува чувство на ситост и промовира здраво варење.

Правилната исхрана е клучна за добро здравје и балансирана телесна тежина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП