Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.04 – 30.04.2025 година вкупниот промет изнесувал 822.465.156 денари и е повисок во однос на претходниот месец за 85.62 отсто.
Класичното тргување изнесувало 427.756.681 денари и е минимално зголемено во однос на март за 1,42 отсто.
Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 417.541.003 денари и обврзници во вредност од 10.215.678 денари.
Блок трансакциите за април изнесувале 394.708.475 денари и се зголемени за 1748,54 отсто во однос на претходниот месец.
Бројот на трансакции во април изнесувал 1.617 и е зголемен за 4,12 отсто во однос на март кога изнесувал 1.553.
Најтргувани акции на официјалниот пазар за април се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје и третото место го зазема Макпетрол АД Скопје.
Месечниот статистички билтен за април 2025 година можете да го погледнете тука.