16 април, 2025
ПочетнаСВЕТТрамп се закани со тајно оружје: Многу сме моќни, никој нема поим...

Трамп се закани со тајно оружје: Многу сме моќни, никој нема поим што имаме, другите не се ни блиску

Соединетите Американски Држави го имаат најмоќното оружје на светот за кое никој не знае, изјави американскиот претседател Доналд Трамп за време на прес-конференција во Белата куќа на 9 април.

“Многу сме моќни. Оваа земја е многу моќна. Mногу e помоќнa отколку што луѓето сфаќаат. Имаме оружје за кое никој не знае што е, а тоа е најмоќното оружје на светот“, рече тој и додаде дека никој нема ништо блиску до тоа мистериозно оружје.

Трамп не откри никакви детали за оружјето, но ова не е првпат да споменува такво нешто.

Слична изјава даде и за време на неговиот прв мандат, за книгата „Бес“ на новинарот Боб Вудворд. Тогаш тој исто така рече дека никој не знаел за оружјето и дека би било подобро тоа да „остане тајна“.

„Изградив систем за нуклеарно оружје што досега го немало во оваа земја… Имаме работи што никогаш не сте ги виделе или слушнале. Имаме работи за кои (рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Кси Џинпинг никогаш досега не слушнале“, се вели во изјавата на Трамп.

Трамп го спомна оружјето одговарајќи на прашањето за загриженост за можна ескалација на трговската војна по зголемувањето на царините за стоки од Кина.

„Претседателот Кси е еден од многу паметните луѓе во светот и мислам дека нема да дозволи тоа да се случи“, рече Трамп, а потоа почна да зборува за тајното оружје.

Кина најави дека ќе воведе царини од 84 отсто за сите производи од САД, со што дополнително ќе ја зголеми претходно објавената царина од 34 отсто, а исто така поднесе нова жалба до Светската трговска организација (СТО).

Вчера САД ја суспендираа примената на царините на 90 дена за сите земји освен Кина, за која ја зголемија стапката на 125 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП