Водата е многу важна за секојдневното функционирање на организмот, но и во секој случај треба да бидете внимателни.
Колку вода треба да пиете секој ден? Тоа е едноставно прашање но без едноставен одговор.

Водата е многу важна за секојдневното функционирање на организмот, но и во секој случај треба да бидете внимателни.
Колку вода треба да пиете секој ден? Тоа е едноставно прашање но без едноставен одговор.
Научните студии излегоа со различни препораки во текот на годините. Сепак, вашите индивидуални потреби за вода зависат од многу фактори, вклучувајќи го вашето целокупно здравје, колку сте физички активни и каде живеете.
Не постои единствена формула која одговара на сите. Но, ако знаете повеќе за потребите на вашето тело од течности, ќе ви помогне да процените колку вода треба да пиете секој ден.
Кои се здравствените придобивки од водата?
Водата е главната хемиска компонента на вашето тело и сочинува околу 50 до 70 проценти од вашата телесна тежина. За вашето тело да преживее, мора да внесувате вода.
Секоја клетка, ткиво и орган во вашето тело има потреба од вода за да функционира правилно. На пример, водата: Го елиминира отпадот преку мокрење, потење и празнење на дебелото црево, Ја одржува нормалната телесна температура, „Ги подмачкува“ зглобовите, Ги штити чувствителните ткива.
Недостигот на вода може да доведе до дехидрација – состојба која се јавува кога немате доволно вода во телото за да ги извршувате нормалните функции. Дури и блага дехидрација може да ви ја намали енергијата и да ве измори.
Колку вода ви е потребна?
Секојдневно губите вода преку дишење, потење, мокрење и празнење на цревата. За вашето тело да функционира правилно, мора да го надополнувате снабдувањето со вода со конзумирање пијалоци и храна што содржи вода.
Значи, колку вода навистина треба да консумира здрава возрасна личност која живее во умерена клима? Националните академии за науки, инженерство и медицина на САД утврдија дека адекватен дневен внес на течности е:
Овие препораки вклучуваат течности од вода, сокови и храна. Околу 20 проценти од дневниот внес на течности обично доаѓа од храна, а остатокот од пијалоци.
Што е со советот да пиете 8 чаши вода дневно?
Сигурно сте го слушнале советот да пиете осум чаши вода дневно. Тоа е лесна за паметење и разумна цел.
Повеќето здрави луѓе можат да останат хидрирани со пиење вода и други течности кога се чувствуваат жедни. За некои луѓе, помалку од осум чаши дневно може да бидат доволни. Но, на другите луѓе ќе им треба многу повеќе.
Можеби ќе треба да го прилагодите вкупниот внес на течности врз основа на неколку фактори:
Дали водата е единственото нешто што го одржува телото хидрирано?
Не. Не мора да се потпирате само на вода за да ги задоволите вашите потреби за течност. Она што го јадете содржи и вода. На пример, овошјето и зеленчукот, како што се лубеницата и спанаќот, содржат речиси 100 проценти вода.
Дополнително, пијалоците како млеко, сок и билни чаеви се состојат главно од вода. Дури и пијалоците со кофеин – како кафе и газирани пијалоци – можат да придонесат за вашиот дневен внес на вода.
Но, бидете внимателни со пијалоците со додаден шеќер. Газираните пијалоци, енергетските или спортските пијалоци и другите засладени пијалоци, обично содржат многу додаден шеќер, кој може да додаде повеќе калории отколку што е потребно.
Како да знам дали пијам доволно?
Внесот на течности веројатно е соодветен ако:
Добра идеја е да се напиете чаша вода:
Може ли некој да пие премногу вода?
Пиењето премногу вода ретко е проблем за здрави и возрасни луѓе. Понекогаш спортистите може да пијат премногу вода во обид да спречат дехидрација за време на долги или интензивни вежби.
Кога пиете премногу вода, бубрезите не можат да се ослободат од вишокот вода. Содржината на натриум во крвта се разредува. Ова се нарекува хипонатремија и може да биде опасно по живот.
Симптоми
Симптомите на хипонатремија најчесто се јавуваат поради намалување на осмоларноста на плазмата, што предизвикува вода да навлезе во клетките, што резултира со клеточен едем.
Значајни промени во осмоларноста се манифестираат во нервните клетки на мозокот, со појава на гадење, повраќање и главоболка, а влошувањето може да доведе до конвулзии, па дури и до кома.