18 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈААмерика под закана од стагфлација?

Америка под закана од стагфлација?

Најновите економски проекции од претставници на Федералните резерви укажуваат на она што некои економисти го нарекуваат „блага стагфлација“, предизвикувајќи загриженост дека економската надмоќ на Америка наскоро би можела да ослабне.

Стагфлацијата е период во кој и инфлацијата и невработеноста растат истовремено, што се случи во САД во 1970-тите. Тој период се смета за еден од најлошите во економската историја на земјата по Големата депресија, пренесува Ројтерс.

Официјалните лица во тоа време имаа погрешни економски податоци и пристапи, додека политичарите неуспешно се обидоа да ја ограничат инфлацијата со мерки како контрола на цените и неефикасни кампањи, како што е иницијативата „WIN“ на Форд.

Денеска економистите почнаа да ги намалуваат прогнозите за раст и да ги зголемуваат проценките за инфлацијата поради големите промени во економската политика на американскиот претседател Доналд Трамп, што го наметнува прашањето дали може да се повтори сценариото од пред половина век.

Теоретски, економската слабост и зголемената невработеност треба да ја намалат инфлацијата, но исто како што покачувањето на цената на нафтата во 1970-тите доведе до повисоки цени, сега се очекува сличен ефект од тарифната политика на Трамп. Администрацијата на Трамп тврди дека тарифите се дел од пошироката економска транзиција која, заедно со дерегулацијата и даночните намалувања, треба да создаде нови работни места и пониски цени.

Минатата недела Федералните резерви ги оставија каматните стапки непроменети, но прогнозираше две намалувања до крајот на годината. Нивните нови проекции откриваат стравувања дека растот ќе забави, невработеноста ќе се зголеми повеќе од очекуваното, а инфлацијата ќе се забрза поради постоечките и зголемени царини.

Имплицитно, нивните очекувања за пониски каматни стапки и повисока инфлација укажуваат на претпоставката дека зголемувањето на цената поради царините ќе биде еднократен скок, што е истата грешка што ја направија за време на пандемијата кога инфлацијата ја нарекоа „минлива“ и подоцна се покажа дека е погрешна, се наведува во анализата на британската агенција.

Во 1970-тите, американската централна банка се обиде да ја заузда инфлацијата со зголемување на каматните стапки, што предизвика две рецесии.

Претседателот на ФЕД, Џером Пауел, нагласи дека извлекол лекција од тој период и дека нема да ги повторува истите грешки. Тој изјави дека нема показатели кои укажуваат дека стагфлацијата од 1970-тите може да се повтори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП