Мандарините се омиленото цитрусно овошје на многу луѓе и тие се богати со витамин Ц, влакна и антиоксиданси.
Тешко е да се одолее на слаткиот вкус и сочноста на мандарини, но дали знаевте дека прекумерното консумирање може да предизвика негативни здравствени последици?
Имено, како што советуваат стручњаците, доволни се една до две мандарини за да се искористат сите благодети од оваа храна, а прекумерното консумирање може да доведе до проблеми со варењето.
Мандарините содржат големо количество растителни влакна, а кога се консумираат во големи количини може да доведат до надуеност и дијареа. Дополнително, поради нивната киселост, консумирањето премногу мандарини може да го иритира желудникот, особено кај луѓето кои имаат стомачни проблеми.
За луѓето кои се борат со вишокот килограми или имаат проблеми со висок крвен притисок, прекумерното консумирање мандарини може да има уште понегативни последици. Имено, мандарините се нискокалорични, но нивната сладост доаѓа од природните шеќери, а премногу овошје може да го зголеми внесот на калории (и шеќер), што може да ја отежне контролата на тежината и да го зголеми ризикот од дијабетес.
Во сето ова, клучот е умереноста.
Мандарините се одличен извор на витамин Ц и обезбедуваат бројни здравствени придобивки, но умереното уживање во нив е најдобриот начин за одржување на урамнотежена исхрана.