8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовеќе од половина граѓани на Србија работеле „на црно“

Повеќе од половина граѓани на Србија работеле „на црно“

Повеќе од половина работоспособни граѓани на Србија некогаш во текот на својот живот имале искуство со работа „на црно“, покажуваат резултатите од анкетата на агенцијата „Фактор Плус“.

Според истражувањето, со кое биле опфатени 1.000 испитаници, една петтина од Србите преку работа „на црно“ заработуваат дополнителни приходи, а секое десетто вработено лице во Србија е принудено да работи непријавено за да може да го прехрани своето семејство.

Како што објави денешна „Политика“, една четвртина од анкетираните изјавиле дека работеле „на црно“ затоа што тоа од нив го барале нивните работодавци.

На прашањето „дали сте задоволни со работата што ја работите на црно“, дури 54 отсто од испитаниците дале негативен одговор, 21 проценти рекле дека се „делумно задоволни“, а само 10 отсто се „целосно задоволно“.

Дури 40 проценти од анкетираните изјавиле дека немале проблеми со властите поради нивната работа „на црно“, а 30 отсто признале дека се соочиле со законски последици поради ваквото работење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП