14 јануари, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕВРОПА ВО ​​ВРТЛОГ! Како Русија стана клучен снабдувач на гас?

ЕВРОПА ВО ​​ВРТЛОГ! Како Русија стана клучен снабдувач на гас?

Европските земји и покрај бројните повици за забрана на увозот, продолжија да купуваат рекордни количества руски течен природен гас. Според извештајот на Блумберг, обемот на увозот на ова гориво дури ги надминал количините што пристигнувале преку украинските транзитни рути до јануари. Во 2024 година Газпром испорача 15 милијарди кубни метри гас до европските земји.

Податоците јасно укажуваат на предизвиците со кои се соочува Европа во обидот да ја намали својата зависност од руските енергетски ресурси. Во последната деценија, Русија изгради позиција како клучен снабдувач на суровини на европскиот континент, со што го зацврсти своето присуство во енергетскиот сектор на Европската унија. Иако многу европски лидери повикаа на запирање на трговијата со Русија, практичните предизвици се покажаа значајни.

Договорот за транзит на руски гас преку Украина, потпишан во 2019 година, истече на 31 декември 2024 година. Во текот на 2024 година, Гаспром испорача околу 15 милијарди кубни метри гас преку украинскиот систем, што претставува 4,5% од вкупната потрошувачка на гас во Европската унија. Меѓутоа, украинските власти постојано изјавуваа дека немаат намера да го продолжат овој договор, со што целосно е стопиран транзитот на гас низ оваа земја.

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, јасно стави до знаење дека нема да се склучи нов договор за транзит низ украинска територија. Според него, Русија не гледа интерес да продолжи да го користи украинскиот гасен систем, особено имајќи ги предвид политичките тензии и промените во условите на глобалниот пазар.

Оваа ситуација јасно покажува дека, и покрај политичките притисоци и напорите за намалување на економските односи со Русија, Европа останува зависна од руските ресурси, особено од течниот природен гас.

Русија останува клучен играч на глобалниот енергетски пазар, додека Европа бара начини да ги усогласи енергетските потреби со политичките цели. Како резултат на овие околности, европските лидери се соочуваат со дилема: Како да се зачува енергетската стабилност, а истовремено да се намали зависноста од руските испораки кои со децении беа основа на континенталната енергетска политика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП