10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПо 15 години Burger King полека се враќа во Франција

По 15 години Burger King полека се враќа во Франција

burger king hamburger

„Вurger King“ ќе се поврзе со француски ланци на пекарници и расторани, за да може да му се наметне на тамошниот пазар на брза исхрана каде, како и на секаде во светот, доминира „McDonalds“.

Французите, хамбургерите и популарните „french fries“, односно помфрит, повторно ќе можат да ги јадат во „Burger King“.

Овој американски ланец на ресторани за брза храна најави дека ќе се врати на тамошниот пазар, откако во 1997-та година ги затвори своите 39 ресторани во Франција, поради неисплатливост. Како што јавува „Le Mond“, „Burger King“ е во преговори со групата француски ресторани „Bertrand“, позната по славната париска пекарница „Lipp“ и ланецот на ресторани „Bert’s“.

На крајот на минатата година во соработка со италијанската група на ресторани кои се наоѓаат на автопатите „Autogrill“, веќе е отворен „Burger King“ на аеродромот во Марсеј, а оваа година и еден на автопатот кон Ремс, сега следи отворање на ресторанот во Париз во декември.

Ланецот „Burger King“ е главен светски конкурент на „McDonalds“ и во последната година е во експанзија во Кина, каде во следните пет до седум години имаат во план да отворат 1000 ресторани, но и во Русија и во Африка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП