Протеините се неопходни за телото. Важно е да јадете протеинска храна секој ден за да избегнете здравствени компликации и предвремено стареење.
Многу диети ги доведуваат жените, но и мажите до точка кога нивното тело останува без „градежниот материјал“ наречен протеини.
Овие симптоми покажуваат дека на телото му недостасуваат протеини:
- Висок холестерол и триглицериди
- Анксиозност
- Тренирате, но не ги чувствувате придобивките на вашето тело
- Спиењето е нарушено и прекинато
- Заматена свест/ослабена концентрација
- Дигестивни проблеми
- Зголемување на телесната тежина
- Нарушен менструален циклус
- Чести повреди и лошо зараснување на раните.
Зошто ни требаат протеини?
Ни требаат протеини за да имаме енергија секој ден. Тие се важни за растот и одржувањето на компонентите во телото, од косата до кожата и антителата за имунитет. Внатрешните органи, мускулите, ткивата, голем број на хормони – се направени од протеини. Протеините формираат хемоглобин и антитела. Тие влијаат на сите функции на телото: од контрола на шеќерот во крвта до заздравување на раните и отпорност на бактерии.
Значи, без протеини, ние не би постоеле.
Протеинска храна: правиме разлика помеѓу протеини од животинско потекло и протеини од растително потекло. Производите кои се најбогат извор на протеини вклучуваат храна од животинско потекло и млечни производи. Белото или живинското месо е најздраво бидејќи е извор на посни протеини, додека црвеното месо го зголемува нивото на холестерол, па затоа е подобро да го избегнувате во големи количини. Најбогати, воедно и најздрави извори на протеини се посно месо и риба, зеленчук, овошје и јаткасти плодови. Црвеното месо содржи многу масти, па затоа не се препорачува во секојдневната исхрана, за разлика од белото месо и рибата кои содржат помалку масти и дефинитивно се поздрави.