22 април, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕАко спиете помалку од 5 часа, може сериозно да го загрозите вашето...

Ако спиете помалку од 5 часа, може сериозно да го загрозите вашето здравје

Новата студија на 8.000 државни службеници во Велика Британија покажува дека луѓето на возраст од 50 и повеќе кои спијат пет часа или помалку како што стареат имаат поголем ризик од развој на повеќе хронични болести отколку луѓето на иста возраст кои спијат подолго.

Истражувањето објавено во списанието „PLOS Medicine“ покажа дека оние кои спиеле пет часа или помалку имале 30 отсто поголем ризик да развијат повеќе хронични болести со текот на времето во споредба со луѓето кои спиеле најмалку седум часа.

Тој ризик се зголемува со возраста, па на 60-годишна возраст е за 32 отсто, а на 70-годишна возраст за 40 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП