25 јануари, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕОвие намирници го намалуваат крвниот притисок

Овие намирници го намалуваат крвниот притисок

За да избегнете висок крвен притисок, треба да јадете храна со малку сол, а нутриционистите предупредуваат дека оваа болест се бори со помош на три моќни минерали: калциум, магнезиум и калиум.

Овие седум намирници се богати токму со овие хранливи материи.

Грав

Гравот содржи голема количина на калциум, магнезиум и калиум, кои благотворно делуваат на крвниот притисок. Гравот можете да го јадете во супа, како ужина, како додаток во салата или да го подготвите како пире.

Јогурт

Овој млечен производ е одличен извор на калциум и други минерали кои позитивно влијаат на здравјето на луѓето. Започнете го денот со јогурт, но искористете го и за подготовка на нискокалорични преливи за салати и јадења со месо.

Киви

Покрај тоа што е богато со витамин Ц, кивито ќе помогне и во намалување на крвниот притисок. Најдобро е да се јаде свежо киви или во овошни салати.

Праски

Праските за многумина се омилено летно освежување. Исто така, добро е да се знае дека содржат многу хранливи витамини и минерали, корисни за здравјето на луѓето. Најдобро би било да ги јадете свежи или да направите смути од нив.

Банани

Со една банана со средна големина ќе задоволите 12 проценти од дневните потреби за калиум. Ова егзотично овошје е и одличен сојузник во борбата против стресот. Кога бананата ќе стане темна и презрела, не мора да ја фрлате. Замрзнете ја и добивате леден десерт.

Кељ и брокула

Овој лиснат зеленчук се нарекува суперхрана бидејќи има многу вредни антиоксиданси и во исто време многу малку калории. Младиот кељ најдобро се јаде како салата или на пареа.

Исто така, сто грама сварена брокула на пареа ќе задоволат шест отсто од дневните потреби за калциум, осум отсто за магнезиум и 14 отсто за калиум. Овој зеленчук е богат и со антиоксиданси кои го штитат здравјето, па дефинитивно треба што почесто да се вклучува во менито.

Високиот крвен притисок е фактор на ризик кој нема специфични симптоми, па затоа треба редовно да се контролира. Има храна и природни лекови кои не спречуваат да помогнеме да го одржиме притисокот во нормални граници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП