Масната или слатката храна, како и јадењата кои содржат многу јаглехидрати, не се пожелни на трпезата кога температурите растат.
Интегралните житарки како оризот или помасните парчиња месо подобро се оставаат за деновите кога поминал топлотниот бран за телото да не се загрева непотребно.
Масната или слатката храна, како и јадењата кои содржат многу јаглехидрати, не се пожелни на трпезата кога температурите растат и топлотниот бран е во полн ек. Причината за тоа е што телото троши многу енергија на нив и го загрева телото.
Препораката да се јаде топла храна која поттикнува потење во потоплите денови не е мит, бидејќи така побрзо ќе се оладиме.
Сепак, една чаша топол пијалок или супа може да почека до вечерта кога сонцето ќе зајде за да ви помогне да заспиете. Се препорачува лесно сварлива храна, па затоа е подобро да ги замените интегралните житарки и месото со зеленчук.
Десет намирници идеални против жештината
Јогуртот ќе ве разлади во каква било форма што ќе го земете, со овошје, во салата или сам, секогаш е добредојден.
Цитрусите, поточно портокалите, лимоните и грејпфрутите се полни со витамин Ц, кој ја зголемува отпорноста на организмот на топлина.
Додадете нане во вода, смути, овошен сок и салати за моментално освежување.
Краставиците содржат повеќе од 95 проценти вода и на тој начин ве одржуваат хидрирани, без разлика дали ги консумирате во пијалоци, салати или сами.
Доматите се богати со витамини А и Ц, па не само што ја освежуваат, туку и го штитат здравјето на вашата кожа.
Бобинки како јагоди, боровинки и малини не само што се вкусни, тие се полни со антиоксиданси, а освен што ќе ве освежат, ќе ја заштитат и вашата кожа од сонцето.
Лиснатите зелени зеленчуци како спанаќот и кељот содржат многу витамини и минерали, а нивната висока содржина на вода ви помага да останете хидрирани.
Лубеницата е полна со вода, па ќе ве хидрира, а богата е и со витамини А и Ц, како и со антиоксиданси, кои помагаат да се заштити кожата од сонце.
Кокосовата вода е природна алтернатива за спортските пијалоци. Богата е со електролити, па ја заменува течноста и минералите кои ги изгубивме со потење.