Постои цела листа на состојки кои не треба да ги конзумираме претерано, особено ако содржат премногу шеќер, а луѓето често таквите состојки и намирници целосно ги исфрлаат од исхраната, за да се хранат што е можно поздраво.
Меѓутоа, освен шеќерот, постои уште една состојка чиј внес треба исто така да се следи, можеби и повеќе, а тоа е солта.
Солта ја има речиси во сѐ, дури и во еден сос кој некои од нас редовно го користат, а кој би можел да биде опасен по здравјето токму поради количината на сол во неа – соја сосот.
Колку сол е премногу сол?
И покрај тоа што е вкусен додаток на повеќето јадења, а особено се користи во некои азиски јадења, соја сосот може да биде многу опасен ако јадете премногу одеднаш, сето тоа поради огромната количина на сол што ја содржи.
Има неверојатни 900 милиграми сол во само една кафена лажичка од сосот, па бидете внимателни со овој сос.
Смртоносната доза на сол е приближно помеѓу 0,75 и 4 грама на килограм телесна тежина, така што просечен човек со тежина од 68 килограми би требало да внесе 135 грама сол, или околу седум и пол лажици сол, за да биде изложен на опасност и 230 мл соја сос содржи приближно 14 грама сол.
Што се случува ако консумирате премногу соја сос?
Постојат неколку документирани случаи на луѓе кои консумирале премногу соја сос, а во еден од нив, 19-годишен Американец испил нешто помалку од половина литар соја сос и завршил во кома.
Лекарот кој го лекувал рекол дека нервниот систем на младиот човек не работи добро и дека има хипернатремија, високо ниво на натриум во крвта.
Како резултат на хипернатремија, телото се обидува да го регулира нивото на сол помеѓу крвта и ткивата, отстранувајќи ја течноста од овие ткива, а тоа може да доведе до акумулација на течност на места како што се белите дробови или да предизвика крварење во мозокот.
За жал, една жена почина од консумирање премногу соја сос. Иако лекарите се обиделе да и помогнат, таа починала од пулмонален едем како последица на течност во белите дробови, а лекарите забележале дека имала и тешко оштетување на мозокот, пишува „Lad Bible“.