16 април, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕВкусен напиток со кој можете да се подмладите и да изгубите тежина

Вкусен напиток со кој можете да се подмладите и да изгубите тежина

Сокот од млад кокос или кокосова вода е напиток од мајката природа кој помага при дехидрација, чистење на телото, губење на тежината, мамурлак и тешка исцрпеност на телото.

Иако во последно време дури стана многу популарен, не грижете се, бидејќи не се работи за маркетиншки трикови, туку само за откривање на сиот шарм на овој пијалок. Бидејќи има многу малку калории и многу електролити, рекреативците и професионалните спортисти редовно го користат како замена за изотонични пијалоци. Многу нутриционисти препорачуваат секојдневно консумирање на кокосова вода, но без претерување, бидејќи големи количини може да имаат лаксативно дејство.

Одличен е и за еден вид детоксикација – ако седум дена пиете по една чаша секое утро на празен стомак, ќе го исчистите телото и ќе го подобрите расположението.

Кокосовата вода, освежителен пијалок направен од млади зелени кокосови, добива на популарност ширум светот поради многубројните здравствени придобивки.

Покрај тоа што обезбедува освежителен вкус, кокосовата вода е богата со клучни хранливи материи кои можат да го подобрат здравјето на различни начини.

Саманта Диерас, регистриран диететичар, објаснува дека кокосовата вода е едноставно чиста течност што ја гледаме внатре во кокосот. Не треба да се меша со кокосовото млеко, за кое вели дека е непроѕирна течност слична на млеко, која се создава кога ќе се притисне и се цеди рендано или сечкано месо од кокос, пишува „Glamourmagazine“.

Придобивките од кокосова вода

Тој е одличен нискокалоричен напиток кој делува како прочистувач бидејќи ги врзува отровите, го чисти дигестивниот систем и го поттикнува исфрлањето на токсините од телото. Содржи природни масти, го спречува зголемувањето на нивото на лошиот холестерол и има дури четири пати повеќе калиум од бананата, која е на врвот на листата на овошје богато со калиум.

Студијата спроведена во 2006-та година покажа дека кокосовата вода ја намалува можноста за срцев удар. Неговата консумација се препорачува и при висока температура бидејќи на клетките им олеснува замена на потребната вода.

Дополнително, според „USDA“, кокосовата вода е одличен извор на есенцијални хранливи материи и антиоксиданси кои ви помагаат да одржувате целокупна здрава исхрана.

Кокосовата вода е исклучително хидратантна поради високата содржина на електролити како што се калиум, натриум и магнезиум. Овие електролити помагаат да се одржи рамнотежата на течностите во телото, што е особено важно за време на физичка активност или во услови на висока топлина кога телото губи течност преку потта.

Калиумот, еден од главните електролити присутен во кокосовата вода, игра важна улога во регулирањето на крвниот притисок.

Редовното консумирање на кокосова вода може да помогне во одржувањето на здрав крвен притисок и да го намали ризикот од хипертензија, што секако е една од големите придобивки од нејзиното користење.

А она што можеме да го потврдиме е дека кокосовата вода одлично делува на кожата. Како додаток делува против стареење, ја ревитализира кожата и промовира губење на тежината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП