Американскиот дигитален гигант Meta потврди дека планира да ги користи објавите на Facebook на европските корисници за подучување на генеративната вештачка интелигенција, нагласувајќи дека оди по патеката „изгазена“ од Google и OpenAI.
Го следиме примерот на другите компании, вклучувајќи ги Google и OpenAI, се вели во соопштението објавено во понеделникот на Meta Platforms.
И Google и OpenAI веќе користеле податоци од eвропјаните за AI обука, нагласува Meta. Нашиот пристап е потранспарентен и нуди полесна контрола од многу наши колеги во секторот кои веќе ги обучуваат своите модели врз основа на слични, јавно достапни информации.
Meta објави дека почнувајќи од 26 јуни, ќе вклучи корисничка содржина во Европа во обуката за AI генеративни модели. Тие планираат да го обучат нивниот модел на јазикот Llama врз основа на содржината што граѓаните во ЕУ јавно ја споделуваат на платформи како Instagram и Facebook.
Градењето на таа технологија носи одговорност за развивање на најдобри практики и прописи кои ќе ги следат локалните закони и прописи. Во согласност со оваа обврска, ние се консултираме со нашиот главен европски регулатор за приватност – Ирската комисија за заштита на податоците – и ги вклучивме нивните повратни информации во нашата обука за вештачката интелигенција на Meta за усогласување со законите за приватност на ЕУ, рекоа тие.
Тие забележуваат дека од 22 мај до корисниците во Европа испратиле повеќе од две милијарди известувања за планираното користење на објавите.
На крајот на минатата недела, австриското здружение NOYB (None of Your Business) побара од регулаторите во Австрија, Белгија, Франција, Германија, Грција, Италија, Ирска, Холандија, Норвешка, Полска и Шпанија итно да ги стопираат плановите на Meta, нагласувајќи дека компанијата треба јасно да побара согласност од корисниците за користење на нивната содржина.
Од 26 јуни, според планираните измени, компанијата ќе може да користи објави и приватни фотографии на корисници и податоци за нивната активност на Интернет за да ја подучува технологијата за вештачка интелигенција, предупредува австриското здружение за дигитални права NOYB, основано од активистот Макс Шремс.
Процесот на одбивање согласност е многу комплициран, нагласува Шремс.
Префрлањето на одговорноста на корисникот е целосно апсурдно. Според законот, на Мета е да побара од корисниците согласност, а не да им испраќа добро скриен формулар за одбивање согласност што води до погрешни заклучоци, објаснува Шремс.
Ако Meta сака да ги користи вашите податоци, мора да побара ваша дозвола. Наместо тоа, тие ги тераат корисниците да ги молат да не ги користат нивните податоци, рече Шремс.
Шефот на австриското здружение го отфрла тврдењето на Meta дека негов легитимен интерес е да ги користи податоците за учење и развивање модели засновани на генеративна вештачка интелигенција и други слични алатки.
Судот на ЕУ го реши прашањето за „легитимен интерес“ уште во 2021 година во однос на рекламирањето, а компанијата сега ги користи истите аргументи во прашањата за предавање модели на вештачка интелигенција, предупреди Шремс.