3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВнатрешната ревизија во Македонија на ниско ниво

Внатрешната ревизија во Македонија на ниско ниво

revizija2

Свеста за потребата од внатрешни ревизори во Македонија е се уште на ниско ниво и треба да се работи на подигнување на нивото на внатрешната ревизија како професија, сметаат од Здружението на внатрешни ревизори на Македонија.

Претседателот на Здружението Слободан Димитровски вели дека се уште ги поистоветуваат со надворешните ревизори, иако се работи за различни професии.

„Работиме по различен кодекс на етика, по различни стандарди. Надворешните резивори се сметководствена професија и даваат мислење по финансиските извештаи. Ние го гледаме целокупното работење на компанијата и не може да се каже дека сме сметководствена професија. Не може да се поистоветиме со екстерните ревизори. Се работи за целосно различна професија со различен опфат на работа“, истакна Димитровски на денешната Прва меѓународна конференција на Здружението на внатрешни ревизори на Македонија.

Според него, законите за банки и за осигурителни компании на некој начин се негативни кон внатрешните ревизори затоа што налагаат овие институции да вработуваат екстерно овластени ревизори.

„За жал, законите за банки и за осигурителни компании наведува дека тие институции треба да вработат екстерно овластен ревизор бидејќи дефицинијата на овластен ревизор опфаќа надворешен ревизор, а не внатрешен. Така што имате ситуација луѓе пет-десет години да работат во внатрешна ревизија и да имаат меѓународно признати серитификати, а да не можат да се вработат во осигурителна компанија“, вели Димитровски.

Тој нагласува дека бенефитот од внатрешните ревизори е голем затоа што тие се еден вид консултанти, десна рака на раководството на компанијата.

„Сите мислат дека сме некаква инспекција и нашата професија ја замислуваат како некаква контрола која им се наметнува. Ние сме еден вид консултанти. Тоа што раководствното го поставува како систем, наше е да го провериме. Нашите извештаи не одат надвор од компанијата, туку остануваат во неа. Значи ние постоиме за да додадеме вредност на компанијата, а не за да ја затвориме“, нагласува Димитровски.

Според евиденцијата на Здружението, во Македонија работат околу 300 ревизори од кои во јавниот сектор има околу 180 ревизори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП