10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЏенет Јелен: Американската економија останува силна

Џенет Јелен: Американската економија останува силна

Економскиот раст на САД за првиот квартал би можел да се ревидира повисоко, а инфлацијата би можела да се намали на понормални нивоа, изјави министерката за финансии Џенет Јелен за „Reuters“.

„Економијата на САД продолжува да работи многу, многу добро“, рече Јелен како одговор на многу послабата од очекуваната првична проценка на Бруто домашниот производ на САД од јануари до март на Министерството за трговија. Извештајот покажа дека економијата пораснала за 1,6% на годишно ниво – под 2,4% што ги очекуваа економистите и помалку од половина од темпото во четвртиот квартал од 2023-та година.

„Она на што најмногу се фокусирам е силата на потрошувачката и инвестициското трошење. Овие два елементи на конечната побарувачка се во согласност со минатогодишната стапка на раст… така што ова е главната сила на американската економија, која покажа континуирана робусна сила и економија која пука на сите цилиндри“, истакнува Јелен.

Според министерката за финансии, бројката во насловите на медиумите била малку поинаква, но од причини кои не укажуваат на основната сила.

Всушност, голем број приватни економисти рекоа дека податоците за БДП веројатно ја преувеличуваат секоја слабост во економијата која порасна над она што повеќето го гледаат како нејзин потенцијал и покрај агресивните зголемувања на стапките во овој период од страна на Федералните резерви со цел да се скроти инфлацијата.

Извештајот за БДП, исто така, ги потврди претходните докази дека напредокот во забавувањето на инфлацијата беше погоден во првите три месеци од годината. Јелен, сепак, рече дека не го гледа ова како показател дека другите области на економијата – особено пазарот на труд – треба да ослабат со цел инфлацијата да се врати на целта на ФЕД од 2 проценти.

„Основите овде се конзистентни со тоа што инфлацијата продолжува да се враќа на нормално ниво. Не гледам причина зошто невработеноста треба да се зголеми за да се намали инфлацијата“, додава таа.

Другите податоци од четвртокот всушност обезбедија малку докази за слабеење на пазарот на трудот. Новите барања за невработени минатата недела паднаа на најниско ниво во последните два месеци, а бројот на Американци кои сè уште добиваат бенефиции падна на најниско ниво од средината на јануари во неделата што заврши на 13-ти април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП