3 мај, 2024
ПочетнаСВЕТНАПАДОТ НА ИЗРАЕЛ НЕ ВРЕДИ НИТУ ДА СЕ СПОМЕНЕ! Се огласи Иран...

НАПАДОТ НА ИЗРАЕЛ НЕ ВРЕДИ НИТУ ДА СЕ СПОМЕНЕ! Се огласи Иран и објави што ќе направи

Иран не планира да одговори на израелски напад врз воздухопловната база во централен Иран, изјави во понеделникот портпаролот на Министерството за надворешни работи.

-Инцидентот беше диверсантски маневар и не вреди да се спомене – изјави портпаролот на министерството, Насер Канани, пренесе државната новинска агенција ИРНА.

Акцијата беше толку безначајна што самите Израелци не сакаа да преземат одговорност за неа, рече портпаролот.

Канани додаде дека Иран не сака ескалација на тензиите во регионот, но дека ќе одговори на секоја идна израелска агресија.

Неколку американски медиуми објавија дека минатиот петок Израел нападнал воздухопловна база во провинцијата Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки.

Иран употребил повеќе од 300 проектили и беспилотни летала

Израел официјално не го коментираше нападот. Ова следеше по иранскиот напад врз Израел во кој беа истрелани и употребени повеќе од 300 проектили и беспилотни летала.

На овој напад му претходеше смртта на двајца ирански генерали во напад на зградата на амбасадата во сириската престолнина Дамаск, кој исто така му се припишува на Израел.

Канани во понеделникот истакна дека нема да има ревизија на нуклеарната политика на земјата по нападот во Исфахан.

„Нуклеарното оружје нема место во одбранбената стратегија на Иран“

– Нуклеарното оружје нема место во одбранбената стратегија на Иран и нашата нуклеарна програма ќе продолжи да се усогласува со меѓународните прописи – рече Канани, а пренесе агенцијата Тасним.

Шефот за нуклеарна безбедност на земјата, Ахмад Хагталаб, минатата недела изјави дека во светлината на нападот во Исфахан, „би била можна и замислива ревизија на нуклеарната доктрина и политика на Исламската Република“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП