Иако не можеме да направиме денот да има повеќе часа, сепак можеме да го промениме начинот на кој ги користиме часовите. Некои од најуспешните луѓе во светот не само што работат во текот на работното време, туку и го скратуваат својот сон со цел да имаат повеќе време за работа.
Директорите како што е Индра Нои која работи во „Pepsi“ и Џек Дорси кој работи во „Twitter“, сонот често го жртвуваат со цел да обават повеќе работи, но и покрај ова тие имаат време за приватниот живот.
Џек Дорси основачот на „Twitter“ и извршниот директор на компанијата „Square“, изјави дека во 2011 година работел 8 до 10 часа во „Twitter“ и 8 до 10 часа во „Square“, со што му останувале само четири до шест часа за сон. И покрај тоа, Џек секој ден во 5:30 оди на трчање.
Серџо Маркионе, извршниот директор на компанијата „Fiat“, во текот на ноќта спие само четири часа, а вели дека буден го одржуваат кофеинот и цигарите.
Мариса Маер, извршниот директор на компанијата „Yahoo“ работелa и по 130 часа неделно, со што немала многу време за спиење. Таа вели дека доволни и се шест часа сон дневно и неделен одмор на секои четири месеци.
Индра Нои, извршен директор на компанијата „Pepsi“ вели дека спие само четири часа на ден.
Хелена Мориси, директор на компанијата „Newton Investment Management“, вели дека станува во пет часот наутро, а некогаш и порано и веднаш започнува со работа. Со семејството се дружи од 19:30 часот, но потоа повторно работи. Таа вели дека спие 2 часа дневно.
Стив Реинемунд, поранешниот директор на компанијата „Pepsi“, вели дека станува наутро во 5 часот, а спие само 5-6 часа дневно.
Том Форд, моден дизајнер, вели дека неговиот успех не се крие во неговиот талент, туку во енергијата која ја поседува. Тој смета дека за него се доволни три часа сон.
Тим Армстронг, директор на компанијата „АОL“, станува во пет часот наутро и работи до седум часот навечер. Тој вели дека спие шест часа дневно, но некогаш и помалку.
Марта Стјуарт, претседател на компанијата „Martha Stewart Omnimedia“, поради големиот обем на работа во сопствениот бизнис вели дека спие помалку од четири часа дневно.
Стенли Мекристал, поранешен американски генерал, јаде само еден оброк дневно и спие само четири часа на ден.
Барак Обама, претседателот на САД вели дека си легнува во 1 часот по полноќ, а станува во 7 часот, што значи дека спие шест часа, а некогаш кога постои некој голем проблем вели дека спие помалку.
Џеј Лено, водител на емисијата „The Tonight Show“ вели дека спие само пет часа дневно.
Бил Клинтон, поранешен американски претседател, вели дека за време на обавувањето на својата функција, спиел околу 5 часа дневно.
Доналд Трамп, претседател на компанијата „The Trump Organization“, вели дека за неговиот успех е заслужно тоа што не му е потребно големо количество на сон. Според него, тој спие околу три до четири часа дневно.
На славниот иноватор Томас Едисон му се потребни само три или четири часа сон.
Бенџамин Френклин во својата биографија го објави својот типичен дневен распоред, според кој се гледа дека му биле доволни пет часа сон.
Во биографијата на Никола Тесла може да се види дека тој спиел два часа дневно, а познато е и дека на Маргарет Тачер и биле потребни само четири часа сон.