1 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСамо овие намирници се здрави за јадење доцна навечер

Само овие намирници се здрави за јадење доцна навечер

Новото истражување сугерира дека не е важно само што јадете, туку и кога го јадете. Јадењето доцна навечер е поврзано со повисоки стапки на дебелина, дури и кога сите други фактори се контролирани.

„Откривме дека јадењето четири часа подоцна прави значителна разлика во нивото на глад, начинот на кој согоруваме калории откако јадеме и начинот на складирање маснотии“, изјави Вујовиќ за „Harvard Health Publishing“.

Оваа студија исто така покажа дека нивото на хормонот лептин, кој сигнализира ситост после јадење, се намалува 24 часа откако ќе јадеме доцна навечер.

Па, што да правиме кога сме гладни на крајот од денот? Секако, не е решение да заспиете на празен стомак или да ја прескокнете вечерата иако часовникот се приближува на полноќ, туку треба внимателно да ја изберете храната по која ќе посегнете.

Џенин Боуринг, докторка по натуропатија, неодамна сподели корисно видео на социјалните мрежи во кое објасни која е единствената храна што можете да ја јадете навечер, а која нема негативно да влијае на вашата тежина или здравје. Всушност, тие доаѓаат со големи придобивки.

„Грицкањето или јадењето доцна навечер не е нешто што го препорачувам. Но, ако го правите, ова се единствените три намирници што ги препорачувам за ноќ“, советува Боуринг.

1. Јаткасти плодови

Јаткастите плодови како лешници, бадеми или макадамија се одличен избор за доцните вечерни часови. Мерката треба да биде една шака јаткасти плодови.

„Ова се одлични намирници бидејќи ви даваат малку протеини и здрави масти, па нема да бидете гладни пред спиење“, објаснува овој доктор.

За потсетување, јаткастите плодови позитивно влијаат на здравјето на артериите, го намалуваат ризикот од хипертензија, го намалуваат нивото на лошиот холестерол, ризикот од згрутчување на крвта, воспаление поврзано со срцеви заболувања…

2. Семиња

„Работите како таан или семките од сончоглед се одлични бидејќи се полни со минерали кои можат да ви помогнат да спиете подобро“, вели д-р Џенин.

Семињата се слични на јаткастите плодови во нивниот хранлив профил; тие се богати со растителни влакна, здрави масти, протеини, витамини… Се додека се грижите за големината на порцијата, можете да уживате во оваа хранлива закуска.

3. „Златно“ млеко

Конечно, овој доктор препорачува да се испие чаша златно млеко пред спиење. Овој напиток е направен од куркума, цимет и растително млеко, а по желба можете да го збогатите со повеќе зачини.

„Загрејте го и испијте го непосредно пред спиење. Фантастично е за одличен ноќен сон, ги има сите придобивки од антиоксидансите од куркумата и е антиинфламаторно“, заклучува таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП