1 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЈа фрламе во ѓубре, а таа е поздрава од лукот

Ја фрламе во ѓубре, а таа е поздрава од лукот

Лукот и еликсирот од кефир се здравјето и виталноста на стогодишниците од Кавказ. Сепак, повеќето од нас ги фрлаат во ѓубре лушпите од лук без да сфатат дека фрламе многу корисни својства.

Лушпата од лукот е богата со фенилпропаноиди, кои се преполни со антиоксиданси. Затоа е одлична за имунитет и има антиканцерогени својства. Многу експерти се согласуваат дека лушпата на овој зеленчук има повредни материи од самиот лук, кој е познат по своите лековити својства.

Лушпата има изобилство од растителни флавоноиди кои го намалуваат крвниот притисок и таложењето на наслаги во артериите, како и влакна кои помагаат во регулирањето на варењето. Сите овие состојки се одлични за здравјето на срцето, го намалуваат холестеролот и бројни други болести.

Како да го користите

Лушпата од лук може да се користи како додаток на супи. Едноставно додајте ги на сите состојки за супата и лушпите од лукот што ќе ги отстраните при лупењето. Доволна е лажичка до две. Можете да додадете повеќе, доколку уживате во неговиот вкус.

Можете едноставно да ги сварите лушпите од лукот, а 10 минути откако водата ќе зоврие, процедете ја и оваа течност употребете ја подоцна за рижото или разни видови сосови. Може да се користат и за многу здрав чај, особено кога сте настинати.

Поради изобилството на корисни материи, експертите советуваат максимално да се користи лукот во исхраната без да се лупи, со тоа што ги отстранувате првите валкани слоеви и на тој начин неисчистениот лук го додавате во зеленчукот и месото при печењето.

Лушпите од лук може да се чуваат во замрзнувач. Извадете го надворешниот слој, кој обично е валкан, и фрлете го, а соберете ја внатрешната обвивка, пакувајте ја и ставете ја во замрзнувач.

Еден од добрите начини да го зачувате е целата главица лук да ја завиткате во лушпата во алуминиумска фолија и да ја печете во рерна 40 минути на 180 степени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП