2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗголемувањето на каматните стапки, до небо ја кренаа добивката на Комерцијална банка

Зголемувањето на каматните стапки, до небо ја кренаа добивката на Комерцијална банка

Комерцијална банка АД Скопје во периодот од 01.01-30.09.2023 година оствари добивка во износ од 3.047,7 милиони денари или речиси 50 милиони евра, што претставува зголемување за 64,7 % во однос на лани.

Зголемувањето на добивката на Банката главно произлегува од од нето-приходите од камати кои бележат значително зголемување што се должи на континуираниот пораст на основната каматна стапка на Народната банка и на каматните стапки на странските финансиски пазари, во комбинација со структурата на активата на Банката.

Вкупните приходи од работењето изнесуваат 5.115,7 милиони денари и бележат зголемување од 31,6 % во однос на истиот период од минатата година.

Нето-приходите од камата претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето и на 30.09.2023 година истите бележат зголемување од 80,7 % во однос на истиот период од минатата година. Најголемо влијание има порастот на каматата од финансиски друштва, а во помал обем влијае и порастот на приходите од камати од нефинансиски друштва, нерезиденти и држава. На пример, зголемувањето на каматните приходи остварени од финансиските друштва, каде доминираат пласманите во благајнички записи и депозитите во НБРСМ, се деветкратно поголеми, а кај нерезидентите, каде преовладуваат пласманите во странски банки се петкратно поголеми од приходите остварени во истиот период минатата година.

Нето приходите од провизии и надоместоци на 30.09.2023 година изнесуваат 797,3 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од 2,4 %. Планот за анализираниот период е остварен со 88,4 %.

Нето приходите од курсни разлики на 30.09.2023 година изнесуваат 271,3 милиони денари и бележат зголемување од 19,6 %.

Останатите приходи од работењето на Банката на 30.09.2023 година изнесуваат 222 милиони денари и бележат намалување од 70,8 %.

Оперативните расходи за периодот 01.01-30.09.2023 година изнесуваат 1.520,6 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 2,6 %.

Банката прокнижи исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансни изложености на нето основа во износ од 545,3 милиони денари, наспроти 546,8 милиони денари во истиот период минатата година.

Целосниот финансиски извештај можете да го погеднете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП