27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВежбањето претворете го во секојдневна навика

Вежбањето претворете го во секојдневна навика

vezbanje1

Сите ќе се согласите, лесно е да се започне со вежбање. На еден или на друг начин ќе си ја зголемите мотивацијата и ќе го направите првиот чекор, но проблемите со редовното вежбање доаѓаат малку подоцна. Повеќето луѓе прават многу први чекори и никако не успеваат да продолжат понатаму. Зошто? Одговорот е едноставен: не успеваат да го направат вежбањето навика која нема да ја прескокнуваат, исто како што не го прескокнуваат утринското миење на забите.

Навистина не е лесно да се навикнете редовно да практикувате одредена физичка активност, но тоа не е невозможна мисија. Важно е да имате желба и волја да започнете, а во самиот процес на претворање на вежбањето во навика ќе ви помогнат следниве совети:

– Секогаш вежбајте во исто време

– 21 ден користете аларм како потсетник

– Оставете ја опремата за вежбање на видик

– Не правете повеќе од еден ден пауза

– Изберете активност која ви е забавна

– Вежбајте дури и ако сте уморни

– Побарајте партнер на кого вежбањето веќе му е навика

– Не го одложувајте вежбањето, освен ако ви излезе нешто навистина неодложно

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП