3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕШто се случува со нашето тело ако каснеме мед пред спиење?

Што се случува со нашето тело ако каснеме мед пред спиење?

Медот е многу здрав за јадење и сите го научивме тоа уште од мали нозе, но дали знаете што се случува со нашето тело кога јадеме мед пред спиење?

Медот има антибактериско дејство кое го зајакнува имунитетот, правејќи ве посилни во борбата против инфекциите предизвикани од бактерии, габи и бројни вируси.

Понекогаш се будиме среде ноќ бидејќи на нашиот мозок му треба гликоген и тој ги стимулира надбубрежните жлезди да ослободуваат адреналин и кортизол од телото.

За среќа, медот содржи гликоген, па една лажичка мед пред спиење ќе помогне да се обезбеди добар сон.

Високиот крвен притисок е еден од факторите кои придонесуваат за срцеви заболувања. Медот содржи антиоксиданс за кој е докажано дека го намалува крвниот притисок, па затоа една лажица мед пред спиење е лесен начин да го држите крвниот притисок под контрола.

Триглицеридите се вид на маснотии присутни во крвта. Високото ниво на триглицериди го зголемува ризикот од дијабетес и срцеви заболувања. Медот се поврзува со намалувањето на триглицеридите во организмот – ги претвора во сојузници кои ја чистат крвта од непотребните масти.

Медот има антибактериско дејство кое го зајакнува имунитетот, правејќи ве посилни во борбата против инфекциите предизвикани од бактерии, габи и бројни вируси.

Го забрзува метаболизмот создавајќи термоген ефект. Ова значи дека ја подобрува циркулацијата што ја зголемува температурата на вашето тело, помагајќи ви да согорувате маснотии без напор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП