Семките од тиква се суперхрана, бидејќи се богати со протеини, растителни влакна, минерали и витамини. Ако помеѓу оброците како ужина изедете 30 грама семки од тиква ќе внесете дури 7,4 грама протеини, 1,3 грама влакна, 4,5 мг железо, 160 мг магнезиум, 240 мг калиум и 2,2 мг цинк. Инаку, оваа закуска има 160 калории.
Семките од тиква содржат и аминокиселина триптофан кој учествува во создавање на серотонин и мелатонин. Серотонин позитивно влијае на расположението и квалитетот на сонот, додека мелатонинот го регулира циклусот на спиење и будната состојба.

