7 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДали морската позитивно влијае врз нашето здравје: На ова треба да обрнете...

Дали морската позитивно влијае врз нашето здравје: На ова треба да обрнете посебно внимание

Морската вода има многу својства, но колку е добра за нашето здравје?

Уште од античко време, луѓето знаат дека морето позитивно влијае на здравјето. Научниците наведоа четири причини зошто треба што побрзо да скокнете во море на одмор.

Грчкиот научник Хипократ, чија заклетва лекарите сè уште ја полагаат кога ја прифаќаат својата професија, лекувал многу од неговите пациенти со капење во вода богата со минерали. Модерната наука ги потврди неговите наоди.

Постојат четири здравствени причини поради кои веднаш треба да отидете на плажа и да скокнете во морето.

Може да го зајакне имунолошкиот систем

Морската вода е полна со витамини, соли, амино киселини и микроорганизми кои делуваат како природни антибиотици и му помагаат на вашето тело да се бори против штетните бактерии.

Со вдишување на морскиот воздух во организмот ќе внесете негативно наелектризирани јони кои се важни и за одбраната на организмот. Исто така, со пливање ќе ги проширите порите на кожата со што ќе го забрзате исфрлањето на токсините.

Може да ја подобри циркулацијата

Пливањето во голема мера придонесува за квалитетот на циркулацијата на крвта, а потоплата морска вода може ефикасно да ги замени минералите изгубени поради стрес, лоша исхрана и надворешно загадување.

Го балансира организмот

Додека пливате во морето, вашето тело започнува систем за самолекување, намалувајќи ги симптомите на болести како што се астма, артритис, бронхитис и воспаление.

Водата богата со магнезиум ги опушта мускулите и позитивно влијае на квалитетот на сонот, што придонесува за ментална стабилност и добро расположение.

Може да има позитивен ефект врз кожата

Веќе споменатиот магнезиум во морската вода помага во хидратацијата и надворешниот изглед на вашата кожа. Ефикасно е и за намалување на црвенилото и рапавите површини на кожата, а на луѓето кои страдаат од дерматолошки проблеми им се препорачува да поминуваат што повеќе време во море.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП