4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДали ја паметите актерката која ја глумеше Пипи Долгиот Чорап: Има 64...

Дали ја паметите актерката која ја глумеше Пипи Долгиот Чорап: Има 64 години и вака изгледа(ФОТО)

Ингер Нилсон имала осум години кога добила улога во детскиот филм и серијал „Пипи долгиот чорап“.

Девојката со пеги, црвена коса и плетенки по име Пипи Долгиот Чорап е најсилната девојка на светот, а нејзината приказна на светот му ја раскажа писателката Астрид Линдгрен. Подоцна, нејзината приказна за оваа необична девојка е снимена, во форма на филм, а потоа и серија, а улогата на Пипи и припадна на шведската актерка Ингер Нилсон.

Ингер имала осум години кога добила улога во детски филм и серија за Пипа. Таа ја доби улогата на аудиција на која присуствувале 8.000 деца. По успехот со Пипи, таа сакаше да продолжи да глуми, но сите ја гледаа како Пипи и таа главно глумеше во сценски претстави.

Пипи беше сосема поинаква од мене, јас бев повлечена девојка и имав поинаков карактер од неа“, изјавила Ингер во едно интервју.

Еднаш открила дека како 15-годишна и била понудена улога во филм во кој требало да биде целосно гола во неколку сцени, но решила да го одбие бидејќи знаела колкава штета ќе и нанесе улогата на нејзината кариера. Од 2007 до 2018 година глумела во германска криминална серија, а потоа се вработила како секретарка во ординација. Денес има 64 години.

За потсетување, приказната за Пипи Долгиот Чорап се роди една мрачна зима во 1940 година во Стокхолм, Шведска, кога седумгодишната ќерка на Астрид Линдгрен, Карин, се разболе од пневмонија. Ја замолила мајка си да и раскаже приказна за малото девојче Пипи Долгиот Чорап и приказните никогаш не престанале. Линдгрен им кажала на своите деца, нивните роднини и пријатели да им го одвлечат вниманието од трагедиите на Втората светска војна, а кога во 1944 година го исчашила зглобот, конечно сфатила дека има време да ги запише.

Интересно е тоа што првиот издавач ја отфрли, наведувајќи ги причините зошто некои и денес ја гледаат со презир Пипи – таа е премногу слободна, премногу контроверзна, непослушна и сè што ќе допре се превртува наопаку. Во превод – лошо би се одразило на децата. Меѓутоа, вториот обид беше посреќен, издавач со отворен ум се согласи да ја објави книгата, а вистинската Пипиманија брзо се зафати во повоена Шведска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП