3 мај, 2024
ПочетнаСВЕТИсточните членки на НАТО се сè позагрижени поради присуството на Вагнер во...

Источните членки на НАТО се сè позагрижени поради присуството на Вагнер во Белорусија

Сојузниците на НАТО долж источниот фронт на алијансата се сè позагрижени за присуството на платениците од групата Вагнер во Белорусија, каде што некои од нив беа распоредени по краткотрајниот бунт во Русија во јуни.

Полска, Литванија и Латвија – членки на НАТО и Европската унија кои граничат со Белорусија – веќе се во состојба на готовност откако голем број мигранти и бегалци почнаа да пристигнуваат на нивните граници од Белорусија пред две години.

Тие го обвинија рускиот сојузник и белоруски претседател Александар Лукашенко за отворање на миграциска рута во чин на „хибридна војна“ со цел да се создаде нестабилност на Запад.

Сега, загриженоста дополнително се зголеми откако војниците на Вагнер почнаа да пристигнуваат во Белорусија по краткотрајниот бунт во Русија.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки изјави дека околу 100 борци на Вагнер во Белорусија се приближиле до границата со Полска, особено стратешки чувствителната област позната како Сувалки јаз.

Сега ситуацијата станува уште поопасна“, изјави Моравјецки на новинарите.

„Ова дефинитивно е чекор кон нов хибриден напад на полска територија.

Инцидентот од вторникот ја зголеми загриженоста, кога два белоруски хеликоптери влегоа во полскиот воздушен простор на мала височина додека изведуваа вежби.

Полското Министерство за одбрана го пријави инцидентот до НАТО, кој во средата соопшти дека ја следи ситуацијата.

„НАТО внимателно ја следи ситуацијата долж своите источни граници, вклучително и вчерашниот инцидент во кој два белоруски воени хеликоптери накратко навлегоа во полскиот воздушен простор на мала надморска височина“, изјави претставник на НАТО кој, како и обично, сакаше да остане анонимен, пишува АП.

„Ние сме во близок контакт со полските власти за ова прашање и ќе продолжиме да правиме се што е неопходно за да се осигураме дека целата територија на Алијансата ќе остане безбедна“, додаде официјалниот претставник.

Полска, Литванија и Летонија велат дека распоредиле повеќе војници и опрема на нивните граници.

Гунтис Пујатс, шеф на Државната гранична стража на Латвија, во средата изјави за медиумите дека безбедносните ризици во непосредна близина на белоруската граница се високи откако Минск почна да ги користи мигрантите како средство за „хибридна војна“ и дека ризиците се се поголеми со доаѓањето на групата на Вагнер.

Тој рече дека граничарите почнале да тренираат специјални сили како одговор.

Литванскиот претседател Гитанас Наузеда оваа недела изјави дека е можно Вагнер да го искористи присуството во близина на границата со Литванија „за разни провокации“.

„Мислам дека заканата е сериозна“, рече Наузеда за време на посетата на местото на границата со Белорусија каде советските падобранци убиле седум литвански офицери пред 32 години.

Преценување на способноста на Вагнер

Други сугерираа дека способностите на вооружената група не треба да се преценуваат.

Лауринас Кашјунас, претседател на Комитетот за национална безбедност и одбрана на Сејмас, им рече на новинарите дека платениците на Вагнер во Белорусија, со нивната сегашна борбена моќ, не претставуваат конвенционална воена закана.

Дали тие ќе претставуваат голема закана во иднина, рече тој, „ќе зависи од натамошните сценарија, начинот на кој се вооружени и нивните наредби“.

Во Полска, некои критичари на владата веруваат дека таа ја преувеличува заканата да се прикаже како цврста за безбедноста пред парламентарните избори оваа есен.

Лауринас Кашјунас, претседател на Комитетот за национална безбедност и одбрана на Сејмас, им рече на новинарите дека платениците на Вагнер во Белорусија со нивната сегашна борбена моќ не претставуваат конвенционална воена закана.

„Напад на Вагнер ќе се смета за напад на руската влада“

На почетокот, армијата инсистираше на тоа дека белорускиот авион не влезе во Полска. Но, откако локалните жители објавија нејзини фотографии со белоруски ознаки на социјалните мрежи на неколку километри од границата во Полска, Министерството за одбрана издаде соопштение во кое вели дека е вистина.

Амбасадорката на САД во Обединетите нации Линда Томас-Гринфилд претходно оваа недела изјави дека САД го гледаат Вагнер – чии сили се бореле во Украина и исто така дејствувале во Африка – како закана.

„Ги видовме нивните напори на африканскиот континент. Значи, ние сме секако загрижени дека оваа група, по налог на руската влада – бидејќи тие не работат независно од неа – е закана за сите нас“, изјави Томас-Гринфилд за новинарите во понеделникот.

„Мораме да бидеме сигурни дека пораката е јасна, дека секој напад на Вагнер ќе се смета за напад на руската влада.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП