6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе срамите да побарате покачување? Еве што треба да сторите!

Се срамите да побарате покачување? Еве што треба да сторите!

Работите напорно и без грешка, лојални сте и посветени на фирмата, а платата не ви мрднала од место веќе неколку години? Без размислување, време е да побарате покачување на платата.

Но, не секој може и умее да се избори за покачување на платата во разговор со своите претпоставени.

Психологот со којшто разговаравме им дели совети на срамежливите, но вредни работници како најлесно да си го добијат тоа што го заслужуваат.

Првото што треба да го сторите, вели таа, е да преговарате со вистинската личност.

-За да побарате зголемување на платата неопходно е најпрво да дознаете од кого треба да побарате зголемување. Најдобро е да побарате покачување директно од надредениот, кој подоцна ќе го пренесе вашето барање до неговите надредени кои всушност ја носат конечната одлука. Одбегнувајте да прескокнувате консултации со вашиот надреден и директно да разговарате со директорите и сопствениците, бидејќи тоа може да биде контрапродуктивно. Луѓето кои се наоѓаат на врвот на организацијата најчесто не се информирани за вашите индивидуални резултати, перформанси и детали од договорот за работа. Втората работа што треба да ја сторите е да закажете состанок, а во зависност од вашиот однос со надредениот, закажувањето состанок може да биде формален и неформален. Секогаш кога ќе закажувате состанок нагласете им за што би сакале да разговарате, бидејќи никој не сака да биде во неизвесност и целта не е ставање на надредениот пред свршен чин – објаснува психологот.

Следното нешто што треба да го сторите е да се подготвите за преговарање.

-Инфлација, раст на трошоците и слични фактори не се доволна причина за да добиете покачување на платата, барем не во Македонија. Потрудете се да се подготвите за состанок за најдобро да ги искажете сите причини поради кои заслужувате покачување. Направете извештај, истражете ги платите во конкурентските фирми, преиспитајте ги своите резултати, постигнувања и успеси. Бидете реални и имајте реални очекувања. Не се надевајте дека вашата плата ќе се удвои и дека работодавачот ќе ги прифати веднаш вашите барања. Најдобро би било да побарате покачување од 20 отсто. Ако добивате 50.000 денари плата, тогаш побарајте плата од 60.000 денари и бидете задоволни. Ако сметате дека заслужувате многу повеќе од тоа, тогаш бидете трпеливи и размислете за тоа каков е буџетот на фирмата, какви се платите во вашиот сектор, какви се платите во конкурентските фирми и слично – објаснува психологот.

Тој ве советува да имате јасни барања и да знаете што сакате да добиете.

-Секогаш имајте ја посакуваната цифра во својата глава и бидете подготвени да преговарате околу парите. Многу е важно да немате агресивен пристап и да настапувате со „земи или остави“. Ако имате нереални побарувања, тогаш надредениот може да ви понуди некоја друга цифра која треба да се размисли. Како и да е, претпоставените ќе очекуваат да преговарате. Во тој момент потсетете ги шефовите колку сте важни во фирмата, но одбегнувајте да се споредувате со колегите. Немојте да се жалите поради тоа што имате иста плата како и колегите чии резултати се далеку полоши. Всушност, воопшто не ги спомнувајте колегите, бидејќи ова не е состанок за нив, туку за вас – објаснува психологот.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП