6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Врање – Градоначалникот на Врање Зоран Антиќ изјави дека е оптимист по прашањето за успехот на преговорите со грчкиот град и пристаниште Кавала за размена на територии. Со тоа, 3,5 хектари земјиште на брегот на Егејското море би било во тајна сопственост на Врањанците, додека партнерите од Грција би добиле исто толку земјиште во Слободната зона во Врање. Антиќ изјави дека договорот е многу блиску и дека очекува неговата реализација да почне во текот на следната година. – Имаме сериозен архитектонски проект за изградба на спортско-стопански туристичко-училишен центар во Кавала кој би бил во сопственост на Град Врање, стопанството и јавниот сектор (од Врање) и кој би работел 365 дена во годината – рече Антиќ.

Белград – Словенечката премиерка Аленка Братушек смета дека меморандумот за соработка на Словенија и Србија може да биде добра отскочна даска за српските фирми на пазарот на ЕУ. Меморандумот, очекува Братушек, ќе отвори нови можности за заеднички продор на странски, трети пазари. Словенечките инвеститори веќе традиционално ја гледаат Србија како деловно интересна држава, во која насочуваат многу инвестиции, а според Братушек, желбата на нејзината влада е повеќе српски инвеститори да се одлучат да инвестираат во Словенија.

Бања Лука – Република Србија со Русија преговара за заем со кој ќе го отплати претходниот кредит, вели министерот за финансии на РС Зоран Тегелтија. Јавниот долг на РС на крајот на 2012 година изнесуваше 4 милијарди и 700 милиони КМ (околу 2 милијарди и 400 милиони евра), наведено е во информацијата за јавниот долг кој го разгледуваше парламентот на РС. Тегелтија соопшти дека учеството на јавниот долг во БДП изнесува 53,69 отсто, што е на ниво на средно задолжени земји.

Љубљана – Словенечкиот трговски ланец Меркатор лани од трето падна на петто место на најголеми компании во таа земја. Од друга страна, фармацевсткиот гигант Крка, благодарение на сталното зголемување на капиталот и вработувањето, доспеа на прво место на оваа листа со над 100 милиони евра приход, а според информациите за листата на Финанс, предноста на оваа компанија и понатаму ќе се зголемува.

Загреб – Додека Светска банка во 2014 година очекува благо зајакнување и раст на БДП на Хрватска од 0,8 отсто, аналитичарите на Хипо банката се песимистични. Тие за идната година прогнозираат продолжување на рецесијата во Хрватска, со пад на БДП од 0,7 отсто.

Бечиќи – ОТП банката и нејзината подружница во Црна Гора ЦКБ заплени хотел бидејќи не и е вратен кредит со камати. Компанијата Дебит Менаџмент Проџект 1 Монтенегро од Подгорица, по почетната цена од 20,3 милиони, понуди да го купи хотелот Квин оф Монтенегро во Бечиќи, пишуваат подгорички Вијести.

Љубљана – Владата на Словенија ги продава своите удели во висина од 8,26 до 15,38 отсто во десет фирми, објави порталот Poslovni.hr. Меѓу тие фирми се Интертрејд ИТА со 15,38 отсто државен удел, потоа Компас МТС со 11,35 отсто, Помурска млекарна со 8,39, Салус со 10,53 и Велана со 10,5 отсто државна сопственост. На продажба ќе оди и мариборската СМ Стројкопласт и ЦРИ од Цеље.

Њујорк – Епл дефинитивно е компанија на 21 век, а по скокот на врвот на листата на најмоќните брендови, објавено е и дека седи на најмногу пари – 147 милијарди долари. Како што пишува Ен-Би-Си, таа огромна готовина која минува низ Епл претставува само 10 отсто од вкупните пари кои се во рацете на корпорациите во САД, не сметајќи го финансискиот сектор. Количината на парите во американските компании во јуни 2013 година била 1,48 билиони, што е за околу 2 отсто повеќе од крајот на 2012 година. Се работи за 1.067 компании со седиште во САД и кои ги оцени куќата Мудис. ИТ секторот моментално е најбогат, а четворицата кралеви на парите се Епл, Мајкрософт, Гугл и Сиско, кои вкупно тежат 320 милијарди долари.

Женева – Еден од најголемите светски прехранбени гиганти Нестле, размислува за продажба на своите нерентабилни брендови. Генералниот директор на швајцарската компанија Пол Булке ги обавести инвеститорите дека Нестле составува листа на компании чие работење може да се подобри и листа на тие кај кои тоа не е случај, пренесе Ројтерс. – Ќе продадеме некои брендови. Сакаме да работиме, а не да вегетираме – рече Булке.

Бон – Веќе петта година по ред, централните банки на водечките сили впумпуваат ефтини пари на финансискиот пазар. Во меѓувреме, многумина сметаат дека дојде време таквата политика да се прекине. Такво нешто економските експерти не памтат: дисконтните стапки во САД и во Јапонија веќе со години се наоѓаат нешто над нулата. Веќе со месеци централните банки на тие земји издаваат државни обврзници вредни милијарди. ЕЦБ е нешто повоздржана, но и таа дисконтната стапка ја држи на историско ниско ниво од 0,5 отсто. Вкупниот биланс на централните банки на водечките светски индустриски сили, од околу 3 билиони долари во почетокот на 2007 година, денес се зголеми на речиси 10 билиони. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП