25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголемиот број на дипломирани студенти лани биле економисти и доктори

Најголемиот број на дипломирани студенти лани биле економисти и доктори

Во текот на ланската година во Македонија дипломирале 7843 студенти на државните и приватните универзитети. Најголем дел добиле диплома за завршено високо образование од факултетите за медицина или за економските науки. Сепак, доколку ги споредиме податоците од Државниот завод за статистика може да се забележи дека во 2022 година во споредба со 2021 година има помалку студенти кои завршиле факултет и тоа за 3,5 отсто. Од вкупниот број дипломирани студенти, 5995, односно 80.1 % се редовни, а 1488 односно 19.9 % се вонредни студенти. Од вкупниот број студенти, 40 % дипломирале во рокот, додека 60 % дипломирале по рокот.

Оваа анализа на Денар ја започнуваме со податоците од државниот универзитет „Свети Кирил и Методиј“ каде лани дипломирале 2523 студенти. Најмногу или 333 студенти ги положиле сите испити на Економскиот факултет, веднаш зад нив се студентите од Медицинскиот факултет каде диплома добиле 298 лица, Филозовскиот 214 студенти и на Факултет за информатички науки 180. Според информациите, над 150 дипломирани студенти лани имало и на Правниот факултет, Педагошкиот, Електротехничкиот и Машинскиот факултет при овој универзитет. Од останатите факултети како на пример: Фармацевскиот, Градежниот, Стоматолошкиот, Факултетот за физичко образование и спорт има од 50 до 100 дипломирани студенти во текот на 2022 година.

На Универзитетот “Свети Климент Охридски“ од Битола лани дипломирале 459 суденти. Од нив најмногу дипломци лани има на факултетите за Туризам и угостителство 99 и на Екомомскиот факултет 72 кој се наоѓа во Прилеп. Солиден број дипломирани студенти имало и на Техничкиот и Педагошкиот факултет, односно 71 и 58 студенти.

Што се однесува до Универзитетот „Гоце Делчев “ од Штип во 2022 година лани дипломирале 765 студенти. Најголемиот дел од нив или 248 се студенти од Медицинскиот факултет. Со 112 дипломирани студенти е Факултетот за туризам и бизнис- логистика кој се наоѓа во Гевгелија. По околу 50 дипломирани студенти имало на факултетите за Економски науки, Факултет за обрзовни науки, и Факултетот за музичка уметност.

Податоците покажуваат дека на Универзитетот „Свети Апостол Павле“ од 44 дипломирани студенти 25 се од Факултетот за кумпјутерски науки и инженерство.

Податоците пак на Државниот завод за статистика покажуваат дека Универзитетот во Тетово лани имало 1029 дипломирани студенти. Предничат студентите кои завршиле Медицински факултет и тоа 333 студенти, нешто над 100 студенти кои добиле диплома за завршени високо образование доаѓаат од Филалошкиот факултет и од Правниот факултет.

Што се однесува до приватните универзитети, лани во Македонија диплома од овие образовни институции добиле 2433 студенти. На Меѓународниот балкански универзитет дипломирале 219 студенти. На Југоисточноевропскиот универзитет од Тетово дипломирале 355 студенти, на Американ колеџ 161 студент, на Економскиот универзитет Скопје 102 студенти, на МИТ универзитетот 51, на ФОН 151 судент, на Универзитетот за туризам и менаџмент 675 дипломирани студенти, на Меѓународниот славјански Универзитет 334.

На верските факултети лани диплома добиле 24 студенти.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП