26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАSkyShowtime го потврдува датумот на излегување на очекуваната криминалистичка трилер серија „A...

SkyShowtime го потврдува датумот на излегување на очекуваната криминалистичка трилер серија „A Town Called Malice“

Со Џек Рован и Тахира Шариф, серијата со 8 епизоди ќе биде достапна за стримување ексклузивно на SkyShowtime од 12 мај, а три епизоди ќе бидат достапни од самиот почеток

SkyShowtime денеска го потврди датумот на излегување на сосема новата криминалистичка трилер серија “A Town Called Malice”. Оваа бучна и весела драмска серија ќе почне да се емитува на SkyShowtime во петок, 12 мај, три епизоди ќе бидат достапни од самиот почеток, а нови епизоди од вкупно 8 ќе бидат достапни за стримување еднаш неделно.

Во клубовите на плажа и меѓу палмите на Коста дел Сол на почетокот на 80-тите, “A Town Called Malice” ги следи Лордови, криминалистичко семејство на ситни крадци од Јужен Лондон откако ќе пребегаат од Лондон во Шпанија за да си ја пробаат среќата – но и за да избегаат од вниманието на полицијата која истражува едно високопрофитабилно убиство. Со Џек Рован, Џејсон Флеминг, Марта Плимптон и Тахира Шариф, експлозивниот трилер со семејна сага во осум дела е во копродукција на Vertigo Films, Rogue State и Sky Studios.

Семејството Лорд го предводи Џејсон Флеминг („Save Me“, „Lock, Stock and Two Smoking Barrels“) во улогата на Алберт Лорд, Џек Рован („Born to Kill“) во улогата на Џин Лорд, Тахира Шараф („The Haunting of Bly Manor“) во улогата на Синди Картер, девојката на Џин, и Марта Плимптон („Mass“, „The Good Wife“) во улогата на Минт Ма, на кои ќе им се придружат членовите на поширокото семејство Дагреј Скот („Ever After“, „Mission: Impossible 2“) во улогата на Чичко Тони, Лекс Шрапнел („Captain America“) во улогата на Леонард Лорд, Даниел Шарман („Fear the Walking Dead“, „Medici“) во улогата на Кели Лорд, Џорџ Жак („The Third Day: Autumn“) во улогата на Антони Лорд и Елиза Батерворт („The Last Kingdom“) во улогата на Карли Лорд.

Најпаметниот, но запоставен, најмлад син, Џин (Рован) и неговата бестрашна свршеница Синди (Шараф) бегаат во Шпанија за да избегнат апсење откако за влакно се спасуваат од една гангстерска пресметка. Љубовниците брзо се заплеткуваат во локалното подземје и на двајцата кои се толку различни како ден и ноќ почнуваат да им се случуваат неволји. Кога другите Лордови им се приклучуваат во Коста дел Сол, семејството сфаќа дека ова им е златна шанса да се ревитализираат и да си ја повратат старата слава – што не им е по ќејф на Џин и Синди, кои имаат многу поинаков план. Со многу музика, “A Town Called Malice” ги носи ритамот и звуците на 80-тите.

Ник Лав („Bulletproof“, „The Sweeney“) е главниот автор во соработка со Мелиса Бубник, Џон Џексон, Лиз Лејк и Мет Еванс. Џејми Донафју е главен режисер, а продуцент на серијата е Енди Нобел.

Услугата SkyShowtime им е достапна директно на корисниците преку апликацијата SkyShowtime на Apple iOS, tvOS, уредите на Android, Android TV, Google Chromecast, LG TV, Samsung и преку веб-страницата: www.skyshowtime.com. Месечната цена на SkyShowtime изнесува 5.99€ месечно. Регистрирај се сега и добиј 7-дневен бесплатен пробен период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП